Бобан Нонковиќ

Бобан Нонковиќ

.

СДС ОБЕЗБЕДУВА МЕЃУНАРОДНА ПОДДРШКА ЗА НОВА ИЗБОРНА КЛАНИЦА

Врвниот американски таен агент од крилото на „длабоката држава“ во ЦИА, Филип Рикер, ги зеде уздите за да обезбеди нов мандат на квислингот Зоран Заев и терористичката СДС за владеење со она што остана како држава од некогашната Република Македонија! По веќе испробаниот рецепт со парламентарните избори во 2016 година (а, што сум го најавил многу порано: https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10206785595053659&id=1088913539), како и со локалните избори во 2017 г., односно претседателските во 2019 година, целата екипа на Рикер и нивниот човек на македонско тло Дејвид Стивенсон, ја активираа меѓународната машинерија со цел обезбедување на покритие за Заев и неговите разбојници да остварат уште една изборна победа како резултат на класично крадење на гласовите на македонските граѓани или т.н. изборна касапаана (досетка на „војводата“ Мендух Тачи).

По распродавањето на државноста, идентитетот, историјата, традицијата и културата со Преспанскиот и Добрососедскиот договор, односно со Тиранската платформа, но и по економското девастирање со бруталното крадење на државните пари и аналогно на тоа секојдневно задолжување на она што остана како држава од некогашна Република Македонија кај меѓународните кредитори (читај: лихвари), Заев и неговите разбојници имаат за задача со нов четиригодишен мандат да го затворат „македонското прашање“ преку уништување и исчезнување на Македонија од светската мапа (преку апсорпција на нејзината територија од страна на соседни земји, сите НАТО-членки, што светот ќе го третира како внатрешно прашање на Алијансата), односно заокружување на одлуките не меѓународните сили од Букурешт (1913 г.), односно на Европската унија (Лисабон, 1992 година) – „дека не може и Брисел не признава постоење на независна и самостојна држава што во своето име содржи „Македонија“).

Со ослободувањето на дузина криминалци и тешки претстапници од затворите, со 50-70 милиони евра обезбедени црни пари во кеш, а украдени од државниот буџет или од уценетите македонски олигарси, Заев и неговите разбојници имаат подготвено терен за изборна касапаана. А, со предвремената одлука на Европската комисија да го изнесе розевиот извештај за „бајковита Северна“, потоа поддржано од дузина европски политичари, министри, премиери и претседатели, а заклучно со јавното пројавување на поддршка и од страна на дипстејт-агентот Рикер, мизансценот е подготвен за уште една меѓународно заверена изборна кражба на македонските гласови.

Како единствен реален политички противник на терористичката СДС, но и Пржински учесник во Владата што ги организира овие предвремени парламентарни избори во она што некогаш беше држава Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ има можност да спречи (не само да регистрира, но и јавно да не обзнани за изборна кражба како што беше случај на 11.12.2016 г.) да се случи касапааната. Како што беше случај на почетокот на 90-тите години на минатиот век, во вид на политички противници, партијата на Никола Груевски (привремено предводена од Христијан Мицкоски) ги има и дузина помали партии созадени во полициските подруми и кои целат на истото гласачко тело (патриоти, свесни Македонци и разочарани „комуњари“), додека она што требаше да биде реална трета опција за Македонците е сведено на задоцнето и неуспешно собирање на потписи со цел нивна официјална кандидатура (се чудам како некои не разбраа дека во полициска држава, ако не си создаден во подрумите на МВР, тогаш едноставно нема да ти е дозволено да излезеш на теренот за да учествуваш на изборен натпревар!).

„Будалиот учи од сопствените грешки, а мудриот човек од грешките на другите“ – ќе порача првиот канцелар на германското царство Ото Фон Бизмарк.

Дали ова го имаат разбрано во канцелариите кај скопскиот Млечен ресторан (новото седиште на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи „Белата палата“ е на добош и се чека одмрзнување на имотот од страна на Обвинителството со цел нејзина продажба), ќе видиме во екот на изборната кампања, кога купувањето и уцените за добивање на глас ќе се одвиваат ачик.

На нас Македонците, како мнозински народ во она што некогаш беше држава Република Македонија, за жал ни остана да се надеваме дека заради сопствените интереси, партијата на Никола Груевски ќе смогне сили со Наќе Чулев на чело да го разбие ова сценарио.