Светската историја познава стотици случаи на искористени личности и политички фигури од страна на странски центри, а за остварување на туѓи геостратешки интереси, речиси секогаш наспроти интересот на државата и народот кои се целта на обработка.
Троцки, Квинслинг, Че Гевара, Алдо Моро, Борис Трајковски, Саакашвили, Ѓукановиќ… безбројни се примерите.
Оваа од римско време позната “леб и игри” претстава за обичната маса е deja vu, а извршителите на валканите сценарија, кукларот речиси секогаш гледа да ги елиминира по итна постапка, откако ќе го завршат задолжението.
Така, да, ние ќе сеириме како црпнатициве ќе се злопатат, но клучното од сценариото останува на дело, за долго, а тоа е:
– Името на македонската држава е “Северна;
– Националноста на мнозинскиот народ во “Северна” е ////// (припадници на племето “коса црта”);
– Античката историја на Македонците е грчка, средновековната е бугарска, а нововековната – коминтерновска;
– Официјален јазик во “Северна” е албанскиот, територијата е половина албанска, а половина бугарска;
– Македонија е само и единствено грчка!
#ГолтајНародеЕфтинаПретстава
#ГлупостаиНаивностаСеВечни
Б. Нонковиќ
Скопје, 21.09.19