Анализа на „меЏународната“ за Република Македонија што ми ја кажаа вчера во Брисел и која нема моја интервенција, ниту внатре има нешто додадено од мене, туку само пренесувам:
– Во однос на Македонија, постигнато е „сеалбанско“ единство со платформа што лично ја донесе премиерот на Албанија, Еди Рама. Во истата, како „корисни идиоти“ се искористија опозициски СДС и нивната „наивна“ приказна за розева мултиетничност, но „само кога ќе се тргнат криминалците што се на власт“.
– Оската СДС – Албанци ќе направи Влада следните денови, само е потребно лидерот на социјал-демократите Заев да го добие мандатот од претседателот Иванов. Потоа, дури и ДУИ да се премислува, обезбедени му се на СДС четири гласа од пратениците на интегративците, кои заедно со петте на БЕСА и тројца на Алијансата на Сеља обезбедуваат 61 глас за составување на Влада. Затоа и не се очекува ДУИ да се премислува, туку да оди со нив во коалиција.
– На ваквата состојба се очекува реакција на изиритираните Македонци и излегување на ВМРО на улица во правец на заштита на националните интереси. Но, оваа реакција, „меЏународната“, т.е. Брисел, Вашингтон, Берлин и др. нема да се смета во овие центри како обид за одбрана на македонскиот суверенитет, туку за губитнички пир на корумпирани криминалци што се плашат од Специјалното обвинителство на Јанева и соочување со судските процеси.
– Декларативно, во Македонија ќе се брани демократската волја на граѓаните од една и постигнатата мултиетничност од друга страна. Но, всушност зад тоа ќе стои албанскиот план, целосен пораз на македонската национална опција со цел создавање на огромен простор за понатамошна албанизација, па и федерализација на Македонија.
– Според екипата во ДУИ што турка(ше) владина коалиција со СДС (кои биле испрашани од „меЏународнава, нз.), нивната владејачка хармонија се очекува да трае до претседателските избори во 2019 година, кога ќе имаат и консензуален кандидат за претседател.
– „Чадорот“ му направил проценка на СДС дека ВМРО нема мотивација за насилства и протести од голем размер (дури ни слични на „шарените“) и дека се многу слаби во давањето на отпор. Предупредувањата од Никола Груевски не ги разбираат како сериозни и дури се исмејуваат со ПиАр стратегијата на ВМРО.
*Тоа е тоа. Не дозволувам никој медиум или портал да го превзема ова, бидејќи е напишано приватно на мој ФБ-ѕид и истото е од неофицијални извори.
**Сепак, сето ова може да го смени македонскиот народ со негов далеку пожесток и неочекуван одговор.