Бобан НОНКОВИЌ, за Тодор Петров, меѓу другото

Бобан НОНКОВИЌ, за Тодор Петров, меѓу другото

Мало-азијците населени кај нашиот јужен сосед, денес (се очекува во милионска бројка) ќе протестираат да не дојде до компромис меѓу нивната Влада и инсталираната дипстејт-Влада во Република Македонија, со кој ќе се смени исконското и вековно име Македонија на нивниот северен сосед.

Им благодариме и поддршка да бидат што побројни и што поуспешни во нивната намера да не дојде до наметнат компромис, со кој ние Македонците ќе останеме без име, идентитет, култура, јазик, историја…!

Туку, еден податок од денешните, добро-организирани протести во Атина, ми остави силен впечаток, а може да се забележи во текстот на овој хрватски портал (Индекс) за протестите:

„Ovaj prosvjed, drugi u petnaest dana, organiziraju i financiraju velikim dijelom grčka dijaspora, vojni umirovljenici, crkvene skupine i kulturne udruge iz grčke pokrajine Makedonije.“

(Превод: Овие протести, втори за 15 дена, ги организираат и финансираат во најголем дел грчката дијаспора, воените пензионери, црковните друштва и културните друштва од грчката провинција Македонија“).

Во исто време, македонската дијаспора во минимални бројки се собира низ некои европски и светски градови, за да протестира против истата намера (промена на вековното име Македонија на нашата држава), но со намера истиот ден успешно и „комитски“ да го завршат со пијанка во блиската кафана и потоа наљуљани да постираат фотографии на ФБ, како качени едни-на-други на ушка се закануваат дека „ќе одат на Солун, за да го вратат!“.

Кога станува збор за финансирање на големи проекти за македонштината во Македонија, нашата дијаспора се концентрира на вечниот и до Бога сомнителен Тошо Петров, кој успешно саботира веќе 27 години се што реално може да израсне во големо македонско незадоволство и јавен револт кон анти-македонските дејанија (или да измисли смрт на непостоечки Македонец во Грција од „случајот Александар Самарџиев“ со кој ќе прелаже јавност во служба на АР).

Воените пензионери (и полицајци) кај нас се, фала на прашање, се уште навлечени на српска „Политика“ и повеќе се загрижени за (б)иднината на Република Српска и Северно Косово, отколку за Македонија, додека црквата здружно е во потрага по патрон на кого ќе му ја шитне сопствената (а со тоа и наша, македонска) историја и ќе се потчини до ниво да ни се згади и религија и се што оди со неа!

Затоа, драги мои, УДБ-а се уште ќе не работи како бавча (со проекти од типот на „Единствена Македонија“ со контра-резузнавачи на чело и Македонци од б’лгарски произход), со окупирани водства на двете македонски политички елити (СДС и ВМРО-ДПМНЕ), а народот, деморализиран, дезориентиран и папсан од лаги, ќе лута како гуски во магла во потрага по храброст да го одбрани своето вековно име, огниште, наследство од времето на Каран, Филип, Александар Македонски!

http://www.index.hr/vijesti/clanak/atena-pod-blokadom-popodne-prosvjedi-u-grckoj-zbog-imena-makedonije/1023694.aspx