Бобан Нонковиќ за непостоечката балканска држава

Бобан Нонковиќ за непостоечката балканска држава

Долгоочекуваниот и бомбастично најавуван Самит на Европската унија со земјите од Западен Балкан во Загреб, денес донесе “дупло голо” за сите од регионот, а посебно за Македонија.

Во Декларацијата од главниот хрватски град, НИКАДЕ не е споменато проширувањето, со што јасно е ставено до знаење дека овој процес е мртов за официјален Брисел, додека неодамнешното доделување на преговори (а, без датум!?) за Македонија и Албанија, всушност била пеперутка за плебсот во овие држави да го загуби вниманието од корупциско-криминално-клептократските потези на властите во Скопје и во Тирана.

Во 20-те точки од Декларацијата на Самитот “ЕУ – Западен Балкан”, исто така за првпат е обелоденето дека пред Македонија е исправена нова рампа, овојпат од бугарски происход, па како што во минатото се бараше промена на име во преговори со Грција, сега ЕУ бара предавање на целокупната средновековна и нова македонска историја (до 1945 г.), но и на македонскиот јазик на турко-монголското доселено племе во државата Бугарија.

Исто така, во Декларацијата може да се забележи дека Македонија не е повеќе ниту Македонија, ниту “БЈРМ”, ниту “Северна” за ЕУ, туку непостоечки летечки објект кој треба да ги заокружи Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија!

Сето ова најдобро може да се види во заокружениот Деветти параграф на Декларацијата, кој преведено гласи:

9. ЕУ целосно ги поддржува заложбите на партнерите од Западниот Балкан за вклучување во регионалната соработка и зајакнување на добрососедските односи, вклучително и со земјите-членки на ЕУ. Спроведувањето на билатералните договори со добра волја и со опипливи резултати, вклучително и на
Договорот од Преспа со Грција и Договорот за добрососедски односи со
Бугарија, остануваат важни во овој поглед. Потребно е посветување и понатамошни и одлучувачки напори за помирување и регионална стабилност, како и пронаоѓање и спроведување на конечни, инклузивни и обврзувачки решенија за билатералните спорови на партнерите и ПРАШАЊАТА ШТО ВЛЕЧАТ КОРЕНИ ВО НАСЛЕДСТВОТО ОД МИНАТОТО, во согласност со меѓународното право и воспоставените принципи…

На здравје европска перспектива на народот коса црта (////) што доаѓа од непостоечка држава, кој има грчко-бугарска историја и албанска сегашност и иднина, и кој говори на западен дијалект на бугарскиот јазик 😠

Проектот за исчезнување на македонската држава и нација е пред заокружување по заслуга на квинслишката власт во Македонија!

П.С. Ура! ЕУ додели 3,3 милијарди евра на земјите од Западен Балкан за справување со кризата со коронавирусот… се разбира, како неповолни кредити 😜

 

Image may contain: text