Интересно е да се забележи еден момент од писанието на Рускоска:
“Честа, угледот, поштењето, ги имам научено од мала возраст од моите родители кои и двајцата се бореле со фашистите за денешна слободна и независна Македонија. Татко ми беше потполковник на дивизија во НОВ, закопан со бугарски куршум. Мајка ми партизанка која лежела во бугарски затвор и која се борела и на Сремскиот фронт“, го почнува Русковска обраќањето до јавноста и до амбасадите”.
Самиот факт дека зборува за татко и и мајка и, кои страдале од Бугарите е чуден. Намерно вика татко и загинал од бугарски куршум, нешто што според Протоколот од францускиот предлог е говор на омраза. Изгледа дека сака да ја испровоцира власта, и можеби им се заканува со тоа за да каже дека ја терале да ги гони кривично тие што се или беа против францускиот предлог при неговото усвојување во македонското Собрание.
Имено, во одредени кругови веќе кружи аудио-снимка на која токму Рускоска е снимена како на политичар, лидер на партијa, суптилно му се заканува дека ќе го гони ако не гласа за Францускиот предлог. И тој не бил единствениот кого го притискала!
Токму затоа, Рускоска сега праќа порака дека ќе проговори за тоа дека од неа барале да ги притиска противниците на францускиот предлог и да им сугерира да гласаат ЗА за да не им отворат истраги и кривично да бидат гонети.
И дека тоа што зборува за притисок за Рашковски, Зеќири и Муареми, јасно е од кого доаѓа… Од Зоран Заев… Ама од таму доаѓа и притисокот за кривичен прогон на противниците на Францускиот предлог и особено оние пратеници што треба да гласаат за уставни промени.
Затоа сега амбасадите што ги повикува Вилма, се пред избор. Дали ќе го жртвуваат Зоран Заев, кој им е главниот камшик за да помине францускиот предлог и уставните промени, а претходно и Преспанскиот договор или Вилма, односно “правдата” во Македонија.
Всушност, Арафат Муареми се заканил, ако биде гонет ќе пропее дека рекетот го правел со Вицето и Зоран Заеви. Со нивно знаење или налог. И затоа сега и Јовески е вклучен да го брани.
И важно е дека Муареми е СДСМ односно на Зоран Заев, не е ДУИ!
…
И бонус-инфо, а кое е во прилог на овој сукоб на љевици:
– Бранко Црвенковски пред некое време го примил премиерот Таче, кој му барал совет како да го врати рејтингот на СДСМ кој бил у провалија. БЦ му рекол само на еден начин, еве ти бесплатен совет, уапси го Зоран Заев и ќе ја спасиш СДСМ!
Значи, во прашање е Заев, ќе го штити ли Запад за да си ја тера агендата во Македонија или ќе му биде важна борбата против криминалот и корупцијата!? Нели во ЕУ ќе одиме? Затоа Вилма ја повикува и еврообвинителката Лаура Ковеси. Ова е мега скандал и може да биде пресвртница. Затоа Вилма ги меша татко и и мајка и и бугарскиот куршум и затвор.
(Идентитетот на авторот, познат на редакцијата)