Почна сезонската окупација!!!
Едно име имаме. Едни плажи имаме. Нив не ги даваме.
Да се разбереме, да нема лутиш отпосле. Секој си има право да реши каде ќе оди, сам или со фамилија, на одмор. Секој си носи свое решение. Никој нема право никому да му се меша во решението.
Е, само не сакам после со исшкратаните, изгребаните или автомобили со украдени таблички нашите сограѓани да доаѓаат и да се жалат и плачат кај нашите граничари, кај нашата полиција, на нашите телевизии и во нашите весници. НА ТОА НЕМААТ ПРАВО. Ке си се жалат во полицијата каде им се случила дешаванката.
Инсистирам телевизиите да не ме замараат со “судбините“ на уништените хауби. Однапред предупредувам дека на секој што ќе му се случи шкртаница, гребаница, пљачка, малтерирање ЌЕ МУ СЕ СИТАМ И ЌЕ ГО ИСМЕЈУВАМ. Без трошка сомилост.
Во Скопје, во НАША Македонија
15.06.2014