Со Биса и едно убаво пост-гимназиско друштво минавме прекрасни години во дружење во втората половина на 70-тите.
Мојата прва сопруга Мила, Лики Сељакот, Пајо Ешреф, покоен Љубиша Цветко, Горан Петко и други средношколци од гимназија Јосип Броз, односно основношколци од Ленин, Кочо Рацин, Песталоци и Лола Рибар.
Со Биса се имам среќавано повеќе пати од тогаш до сега. Во Скопје, но најмногу по аеродроми во светот.
Многу ми беше мило на душата кога го прочитав текстот во Дневник за неа. Затоа го пренесувам.
—————————————————————————————————————
НН:ИНТЕРВЈУ:БИСЕРКА ПОП СТЕФАНИЈА, МАКЕДОНСКА ХУМАНИТАРКА – ВИДОВ КАТАКЛИЗМИ, ЕБОЛА, ЗЕМЈОТРЕСИ И ЧОВЕЧКИ ЗЛОСТРОРСТВА
Н:Сум сакала целата да влезам во машина за перење за да ја исперам миризбата на тага, очај и болка
ПН:Во животот решив да го слушам гласот на доброто ангелече и да се спрвувам со предизвиците, наместо да веднам глава, вели охриѓанката по тефанја, која за време на своите мисии доживеала многу потресни, но и убави моменти, а во Судан била и киднапирана
ПН: Американците бомбардирањето на болницата во Кундуз го крстија колатерална штета. Не е точно дека тие не ја знаеа точната локација на болницата, затоа што координатите беа поделени со сите. Ние баравме поддршка, бараме независна истрага ако една држава се согласи неа да ја поднесе до ОН, постапката ја почнавме пред шест месеци, но до сега таква држава не се најде
Христо Ивановски
Наш специјален известувач од Хаг
Бисерка Поп Стефанија, родена охриѓанка, која детството го поминала во маалото кај популарната Куќа на Робевци, во последните 17 години години ги помина најтешките светски кризни зони работејќи како хуманитарка во мисии на најголемите меѓународни неладини организации. Таа сега живее во Амстердам, Холандија, каде работи за Лекари без граници. Во октомври се врати од мисијата во Чад и побарала во ноември да замине во Индија, но шефот ја замолил да остане да заврши обемна кнцеалариска работа. Тоа за Бисерка не е лесна обврска, зашто, како што вели, „не можам да издржам во канцеларија со работно време од девет до 17“.
Оваа наша охридска хуманитарка, за која кај нас речиси и ништо не се знае, својата мисија ја почнала во бегалските кампови во Македонија, а потоа се редат кризните зони во Африка, пеколот во Индонезија каде гледала како земјата се превртува наопаку, се среќавала очи во очи со мамби и кобри, била киднапирана, и свиреле куршуми над главата додека од Ирак телефонски разговарала со мајка Ѝ во Скопје, гледала како илјадници умираат од ебола…Таа вели дека во животот одбрала да се бори со предизвикот и да го следи гласот на доброто ангелче кое стои на нејзиното рамо. А, хуманитарната мисија Поп Стефанија ја почнала заради еден нејзин акт кој можат да го направат само храбри и правични луѓе?
МН:Бегалците од Косово не ми веруваа
-Некаде во 1999 година во нашиот комшилук, во Србија и на Косово кога работите таму почнаа да одат надолу, Македонија се соочи со голем прилив на бегалци. Во тоа време, верувам како и многу во Македонија, бев без работа. Претходно рабтев во американско училиште во Скопје, па заради педофилските настапи на директорот, јас го пријавив во советот на родители. Но, со текот на времето испадна дека тие повеќе му веруваа на потписот на Американецот отколку во потписот на Македонка. Бев и директор на училиштето откако него го избркаа, но кога времето ги забриша тие траги јас останав без работа. Така што транзицијата ме закачи по сите прописи – трипати останав без работа. Начи, во мај 1999останав без работа, веќе во јуни имаше оглас на една меѓународна невладина организација кои бараа човек за водоснабдување и санитет. На времето бев единствен магистрант од областа за прочистување отпадни води и производство на биогас, но работа зажал не можев да најдам. Во петок аплицирав, а попладнето ме викнаа на интервју и во понеделникот почнав да работам. Прва работа ми беше во бегалскиот камп во Непроштено, а со санитет го покривав и кампот во Чегране. Потоа ги покривав и Стенковец 1 и 2.
0 Што конкретно опфаќаше вашата работа во камповите кога бевте под знакот на Меѓународниот комитет за спас (ИРЦ)?
-Работев на обезбедување чиста вода, а тоа според светски стандарди значи дека на секој човек треба да му се обезбедат по 20 литри на ден. Инаку само за опстанок предвидени се по 7 литри на ден, но таа количина се однесува само за првите недела-две, а потоа морав да ги обезбедам светските стандарди.
0Што ви беше најголем предизвик?
-Најтешко ми беше како да ги убедам бегалците дека немам лоши намери кон нив. Дека сум Македонка, христијанка, не ми веруваа. Ме спојуваа со нашите соседи дека има некоја религиозна врска. Но, полека со време се гради и довербата. Потоа децата на пример ми даваа подарок нивни цртежи, или парче чоколадо. Иако сакав да останам во Македонија да работам постојано апицирав тоа не ми усепа, но затоа, пак, странците ги видоа моите квалитети па ми понудија можност да одам понатака.
МН: Бегалец не одам!
0 Некој продаваше приказна дека тие имаа никаков третман во Македонија.
– Тоа е едно, но од друга страна многу луѓе во Македонија мислеа дека бегалците живеат подобро од другите во земјава, што до некаде беше точно, зашто секој ден на пример носеа свежа храна и овошје, носеа по 20 тони лубеници. Тоа, пак за мене значеше предизвик за работата, зашто најмалку десет тони ѓубре требаше да го решам. Точно е дека секое утро во 04часот се носеше тазе леб. Во секој шатор имаше струја и патос. На мојата ќерка другарите Ѝ велеа – мајката ти им помага на тие.Дури и немаа име. Еден ден јас ја зедов со мене во кампот за да види како тоа навистина изгледа. Паметот Ѝ се сврти. Навечер кога ќе си дојдев дома сакав целата да влезам во машина за перење зашто сето тоа мирисаше на тага, болка и очај. Затоа и јас сум си рекла дека може некој и пиштол на чело да ми стави, но јас бегалец не одам!
Што се случуваше на пример во Блаце. Кога ќе се донесеше помош луѓето прегладнети и изморени се качуваа на камионите и настануваше хаос. Со мирна совест можам да кажам дека меѓународните организации во првите моменти не знаеа како да работат. Не беше Македонија крива, ние имавме испратено лекари, беа направени мали клиники. На пример во кампот во Непроштено имаше германска полска болница толку модерна што јас немам таква видено на друго место.
0И одеднаш кампови се испразнија. Како се лучи тоа?
-Доаѓам сабајле на работа, по потпишувањето на мировниот договор, гледам сите огради срушени. Буквално ги рушеа оградите за да се вратат на Косово. Едвај чекаа. Една единствена група која не помисли да се врати беа од Прешево, Бујановац и Медвеѓа кои ги сметаа за дезертери од ЈНА, а на Косово ги гледаа како да се на страна на југословенската армија.
МН:Ќерка ми на матурска, јас во Кенија
0Не стана бегалец, а стана граѓанин на светот. Каде те одведоа патиштата?
-Првин беше Босна каде работевме со ИРЦ во Бихаќ, а потоа дојде Кенија. Ја оставив ќерката и не бев дома на нејзната матурска. Таму бев сместена во камп на 900 километри од Најроби, на граница меѓу Јужен Судан и Уганда каде имаше 120.000 души. Во кампот имаше бегалци од десет африкански земји, а најмногу имаше бегалци од Судан каде уште се водеше војна.
0Како се справуваше со храната?
-Еднаш неделно на пример патлиџани, еднаш во месецот лубеница или манго, но цело време имаше банани и млеко од камила. За безбедноста беше задолжена владата, а најголем луксуз е ако имаш свој кревет или вентилаторче да ти го лади воздухот.
0Секоја мисија носи свои ризици, но по некоја градација каде беше најлошо од најлошото?
-Кога бев во Индонезија веднаш по цунамито на островот Ниас градевме куќи, патишта, тоалети…беше интересно дека стравот што кај нас постои од земјотрес кај нив е стравот од бомби и од куршуми. Тогаш осетив што значи потрес од 7,9 степени. Тогаш си реков страв нема, сЍ е во божји раце. На пример видов еден прекуокеански брод за прозиводство на струја кој цунамито го носел цели 10 километри на копно. Тажна приказна е со рибарите кои тргнале да ги собираат рибите кои ги носел приот бран, а потоа вториот беше кобен за нив. Преубавиот остров е со рељеф изменет за цели 15 метри. Гледаш како земјата се отвора, се движи, како во филмот „Дуна“.
0 И покрај тоа што хуманитарците се жртвуваат, тие сега како да станаа глинени гулаби во Сирија, Авганистан, на пример Американците во Кундуз бомбардираа болница на Лекари без граници, организација за која сега работите. Какви искуства имате вие?
-Затоа јас реков кој страв е поголем – од природни катасрофи или од човечки крушуми. На пример во 2003 година бев во Ирак и во моменти кога на еден покрив воспоставив врска со мајка ми почна да пукаат со пушкомитралез и што да правам, ја пресоков врската, зашто Ѝ велев дека ми е добро. Ние спиевме со панцирни елеци, на две метри од безбедносната соба каде треба да се скриеш ако ти влезат дома. Или ако НАТО бомбардира во Ирак, а ние се возиме за да влеземе на тоа место. Можешд да станеш колатерлана штета. Во Северен Судан на пример ме киднапираа. Одиш со желба да поправиш пумпи, имавме продуктивен ден, поправивме пет-шест пумпи за водоводот и си размислувавме како ќе го поминеме престојниот викенд, кога ни излегоа од грмушки војници и не киднапираа. НЍ легнаа на земја и ни и ги ствија пушките на тилот.Си велиш – говото е. Среќа што ветрот ми ја одвеа шамијата, па видоа дека не сум Африканка. Нивниот лидер почна да вика: Стојте! Стојте! Потоа не однесоа до границата со Либија па нЍ пуштија пешки да си одиме низ пустиња. Тоа беше паравоена формација од суданската армија. Тие сакаа да испратат порака дека тоа што го правиме не им се допаѓа. Без разлика на сето тоа постои меѓународен закон кој вели дека хуманитарни и здравствени работници не треба да се напаѓаат. Но тоа во последно време тоа е заборавено.
0 За жал и најорганизарните држави го кршат меѓународното право, како на пример во Кундуз.
-На крајот Американците ја крстија колатерална штета. Не е точно дека тие не ја знаеа точната локација на болницата, затоа што координатите беа поделени со сите. Ние сме отворена организација за сите кои ќе тропнат на нејзините врати, но да немаат оружје. Ние баравме поддршка, бараме независна истрага ако една држава се согласи неа да ја поднесе до ОН. Ние ја почнавме таа постапка пред шест месеци, но до сега таква држава не се најде.
Инаку, во целот хуманитарен простор стана тесно, зашто моќните земји изродија многу невладини рганизации кои на теренот работат заедно со нивните војски.
0Како во Виетнам, кога едни даваа чоколадца, а други фрлаа напалм бомби.
-„Апокалипса сега“ за жал уште постои. Нам ни се стеснува просторот како хуманитарци а е сменет и односот кон нас.
Потоа се преселив во Канада каде влегов во Црвениот крст па заминав од Кенија за Танзанија, Етиопија, каде имаше голема суша каде со средства од Америка од 3 милиони долари работевме на водоснабдување и санитет, па Ирак во базата Наџаф. Од Ирак заминав за Сиера Леоне после војната, со дијамантите, раселени лица,хеморагична треска во исто време. Многу тешка мисија.
рамка:
Н:Македонија нарави сЍшто беше потребно во последната бегалска криза
0Имаме ли во Македонија лица за хуманитарни мисии на твоето ниво?
-Нема, иако не знам зошто. Јас еднаш се понудив во Македонскиот Црвен крст да одржам тренинг. Тоа го правам на еден универзиет сега во Велика Британија, држам обуки два пати годишно. Тоа го понудив бесплатно, но одзивот беше никаков. Кога беше епидемијата на ебола во Западна Африка, кога умираа илјадници луѓе, во Амстердам држев подготвителни тренизни за луѓето што беа упатувани таму.
0Неодамна гледавме како бегалци и емигранти навалија на нашата граница од Грција, при што се потсетивме на 1999 година. Како Македонија одовори на таа криза?
-Македонија го направи тоа што беше потребно, сЍ беше како што треба, а и одговорот на МЦК беше добар. Со моите колеги разговарав и тие го имаа истото мислење. Тие одеа по целата рута по која одеа и бегалците од границата на Сирија, па наваму. Единствена земја за која немаа никаква забелешка беше Македонија, а коментираа за Бугарија, Грција, Турција.
0Имам впечаток дека работата те исполнува, но размислуваш ли што ќе правиш кога ќе одиш во пензија.
-Душата ми е во Трпејца. Таму ќе пишувам книга и мемоари и ќе чекам внучиња.
0Што сакаш да кажеш со книгата?
-Најпрвин дека животото е предизвик и како сакаш да го живееш – дали ќе се соочиш со предизивкот или ќе ја навалиш главата за да не ја исече сабјата. Јас го избрав предизвикот. Второ, дека сите на рамењата имаме едно ангелче и едно ѓаволче и дека треба да одбереш кое ангелче ќе го слушаш и таков ќе бидеш. Јас одбрав да го слушам ангелчето.
рамка:
Н:Само три светилки во цел град
Секоја земја си има свои специфичности, но Сиера Леоне беше полна со да ги наречам филмски слики, како оваа за „Холивуд синема“ во Коиду таун. Патувањето од Фри таун до Коиду траеше 15 часа. Во Коиду наближивме околу 22 часот, а во ноќта се гледаа само три светилки – една од базата на ОН, од базата за екстракција на дијаманти и третата беше од кинески ресторан. Навистина се зачудив, но токму во тој ресторан ги јадев највкусните спринг ролс.
Градот беше целосно разурнат од внатрешната војна, а „Холивуд синема“ со телефонски број 215 (доказ колку малку телефонски броеви имало) беше потестување што било пред војната. И во таа разрушена куќа секоја вечер луѓето гледаа филмови, овој пат на телевизор.