Многу ми е жал, на мене но и на мојата ТВ екипа, што не можев денеска да бидам со својот народ во Скопје. На тој грандиозен собир.
Но вчера во весникот Слобода и во највлијателниoт портал In4s во Ц. Гора, денеска на говорница во Подгорица, а вечерва на панел во Вишеград, со утре вечер гостување на РТСрбија во ударен термин, а во вторник на Коперникус во утринската програма – ја ширам вистината за Македонија и за окупаторската џесбејлиевска џизма што не’ гази.
Следното збирање – секако доаѓам.
Но од овде, од Андричград, би сакал да прашам: Помеѓу ови 40К и повеќе сонародници, излегоа ли Влатко Ѓорчев, Александар Николовски, Христијан Мицковски, Никола Груевски, Сашо Мијалков и другите од бившето и сегашното раководство на ВРО ДПНЕ? Тие де, што се кажуваа големи патриоти.
Беа ли со својот народ? Ако беа, многу ќе сум радосен, па ве молам за слики. Ако не биле, зошто не биле? Сметаат ли дека името не треба да се брани? Овие 40К и повеќе, не ги сакаат ли за свои гласачи?
Исто да прашам, излегоа ли довчерашните увлекувачи во гаките на М. Протоѓер и К. Божиновски од типот на Иван Мирчевски, Биљана Трендафиловска, Горан Чизмар Петревски, Емилија Гаврилова, Марјан и Хари од МТВ и слични?
Ми треба чисто, онака “математички прецизно” за евиденција. Оти нели “да пуштиме времето да покаже” кој бил човек а кој гнида.
Кој бил за “достоинствено решение” а кој за единственото решение РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.
Во Андричград ме допираат до срж думите на нобеловецот:
“Али невоље не трају вечно (и то им је заједничко са радостима), него пролазе или се бар смењују, и губе у забораву… Све то прелази исто као што немирна вода протиче испод његових глатких и савршених сводова”…
М. Неделковски
04.03.18 Република Српска