Баш ЧУДЕСНА

Баш ЧУДЕСНА

Навистина беше во право Владо Јовановски извикувајки “Ах, моја чудесна Македонија“!

До толку е “чудесна“, што чудесата се такви да веќе не се знае кој е кој, што е што, и чиво е чиво?

Примери? Колку сакаш:

  • Чива е телевизијата Канал 5? На Емил Стојменов и фамилијата Стојменови или на Вања Гавриловски?
  • Чива е Алфа ТВ? На некој си анонимен маџар или на Сашо Мијалков, ко што тврди еден актуелен потпретседател на партијата.
  • На кого е Нова ТВ? На Сеад Кочан или на Никола Груевски, како што тврди истиот гореспоменат потпредседател?
  • На кого му припаѓа Владата на Република Македонија? На Заев и СДС, на Сорос и Милчин, на шиптарите или на Џес Бејли?
  • Кој е актуелен премиер на Р. Македонија? Заев или Бејли?
  • Кој е на власт во ВМРО ДПМНЕ? Христјан Мицковски, Гроф Монте Карло или Џеси Бенгази-да-ти-се-деси?
  • Чив претседател е Хорхе Иванов? На Македонија или на корејската пицајзла Хој Ји?
  • Чија е МПЦ: Бугарска, српска, наша, ничија…?
  • Чив е Мериот хотелот во центарот на Скопје? На Алек Теранова, ли е?
  • Чива е 24 Вест телевизијата? На Вице, на Роби или на бившите вработени на Велија?
  • Чива ќе биде, кој ќе ја купи Нова ТВ? Велија, Каракачанов, сопствениците на Казандол рудникот, Гаврилов од Канал 77?
  • Чива е НВО Стоп Операција Сорос? На Цветин ли е?
  • Чив е “Мермерниот комбинат“ (име според заменик ген-секот на ДПНЕ Богојевски)? На ВРО ДПНЕ, на Хари Костов, на Комерцијална банка или на гроф Монте Карло?
  • Чии се говорите што на идиот камера ги читаат, глумејки дека се паметни па говорат “во живо“ и “во камера“ во Мермерната палата? На Дарко Костовски, Игор Божиновски, Тони Коњановски, Драган Данев, Александар Нацев, Христијан Мицковски, Митко Јанчев…, или се на Иво Котевски?
  • Чива е Македонија? Наша или нивна?