МАКЕОНСДКА ОПЕРА И БАЛЕТ – 29.03.2014 20:00
Билетарница : +389 (0) 23118 451
БАЛЕТ
РАЈМОНДА – Александар Глазунов
Кореограф: Виктор Јаременко (Украина)
Диригент: Бисера Чадловска
Главен педагог и репетитор: Тања Вујисиќ Тодоровска
„Рајмонда“ е со типичната драматургија која го обележува времето на Романтизмот. Во драмите (приказните) на овој уметнички правец доминираат темите за јунаштвото, благородништвото, љубовта, достоинството, честа и т.н.
Во „Рајмонда“ тоа е Белата Дама со нејзиниот Бел Шал, инаку покровителка на благородничкото семејство на младата грофица Рајмонда де Дорис. Таа „секогаш“ е тука за да ја спаси честа на аристократите. Дилемата на младата грофица Рајмонда, кого да одбере за брачен сопатник, славниот благороднички рицар Жан де Бриен, или гордиот и властољубив сараценски јунак Абдерахман, Белата Дама, ја разрешува во корист на де Бриен.
Специфичноста на нашата „Рајмонда“ е во прекрасната кореографија на гостинот од Украина, Виктор Јаременко, како и во велелепните костими и сценографија на Гана Ипатиева и Андреј Злобин, исто така од Украина, изработени од креативниот тим на атељето на МОБ. Целиот проект почива на одличната музика на Александар Глазунов.