Во сериозна фаза се подготовките за рестартирање на А1 телевизијата под раководство на фамилијата Рамковски и самиот Велија, а со помош на сватовштините од фамилијата Цаноски.
Велија, преку устата на Гериз, се надева на скоро ослободување од Идризово. Или барем “слободњачко“ отслужување на рестото од казната.
Сеуште е енигма преку која платформа, или која концесија ќе е ангажирана за да оди А1, бидејки Телма преку Јосифовски и американската амбасада, како и 24Вести преку кланот Заеви се безецирани.
Но, голем дел од бившите новинари на А1, како тие што се “слиперси“ во телевизијата на Кочан, потоа комплетниот состав од кај порталчето на Борјан Јовановски, незадоволницте од Канал 5, Радио Слободна Македонија, МТВ, Алсат М…, оние што се пробаа несупешно во политикатака како Свињевац и Ленче “Министарка“…, и оние што се без ангажман, интензивно се собираат во кафулиња и канцеларии утврдувајки го концептот на ново-старата телевизија.
Image result for велија рамковски
Велија Рамковски, кој е крвен непријател на ВМРО ДПМНЕ, но во исто време е и многу незадоволен од СДСШ и нивниот ангажман во негова корист, би излегол на сцена осветнички.
За оваа зделка веќе е консултиран, платен му е и сериозен хонорар од 4 нули, ВМРО-вскиот пребег и превртач Зоран Трајчевски. Тој ветил лесно влегување на Велија во етерот.
Во овој момент се водат преговори на ниво Велија – СДСШ, како не би бил ново-стариот медиум вон контрлоа на бољшевичкиот режим на Заев. Велија веднаш испорачал услов, за да воопшто се преговара со него, а тоа е враќање и комплетно рехабилитирање на Хеди Рамковски.
“Со новинарството се претера“, а?