Ајде ако сте фраери

Ајде ако сте фраери
  1. Планот на Заев и неговата банда предавници е да го сменат името во РСМ (не е Ракометен Сојуз на Македонија), односно во Република Северна Македонија. И сакаат со јазични кетерефеки да ни го преименуваат јазикот и изменат националноста.

И, за ова тврдат дека се согласни поголемиот дел од граѓаните!

Ако се толку сигурни, нека повелат да овозможат секој да си ја бира националноста. Како што во Македонија по националност може да си србин, албанец, влаф, бошњак, ром, египќанец, бугар, торбеш, јурук…, како што ќе има такви што ќе се пишат северно македонци, да има графа за национслност МАКЕДОНЕЦ.

Значи, државјанин на Р. Северна Македонија, националност Македонец.

Па да видиме колку ќе се пишат северно македонци ко Миле Бошњаковски, Роберт Поповски, Бубо Каров…

Еве, ако сте вие во право, а ние не, ставете се на тест па да видите колкумина сте.

Инаку, при попис или добивање други документи, човечко право е ако ја нема твојата националност да се пишеш БЕЗ НАЦИОНАЛНОСТ, подобро никаква отколку погрешна фашизоидна националност.

М. Неделковски