Ахххх, ПАРИС

Ахххх, ПАРИС

Обично, кога луѓето одат во Париз, прво се залетуваат накај кулата на Густав Ајфел, накај Триумфалната капија или по Шанзелизе. Добро, добро… Одат и на Пигал.

Мене омилен ми бил музејот Les Invalides, особено со знамињата од сите битки, добиени и загубени. Знамиња исчадени, изгорени, пробушени, уништени – но, знамиња сведоци на драматични моменти, многу жртви, крв…

Но сега, кога веќе сето тоа го имам видено дузина пати, концентрацијата при посетата ми е:

1. Да испијам кафе на Трокадеро, тргот на чистачите. (Името на плоштадот е по битката за шпанското островче Трокадеро).

2. Да го посетам вечното почивалиште на Џим Морисон.

3. Да уживам во купишта старо железо. Мојата голема пасија, американски воени возила од Втората светска војна.
Еве, мал видео преглед:

а) Се работи за најстарата фирма за репарација на Џипови во Европа. Формирана 1947-ма во делот од Париз каде од САД во Европа е префрлена во 1946-та година фабриката Џип, со ново име Хочкис.

б) И, благодарејки на газдата, мој пријател, направив видео прошетка по сервисот, магацините, халите…

в) Малку Селфи Видео, како потврда на тврдењата од пред малку.

г) За “триаголниците“ за влечење/буткање.

д) Растурени до коска, спремни за склопување.

ѓ) За Џес Бејли.

е) За вкусовите.

ж) Се радувам на старо железо како циган на капак од шахта.

ѕ) Еве ги и цените.

и) Доџ Командо Кар.

ј) Возилото на Џорџ Патон.

к) Земљораднички Џип.