Атентатите во ВМРО

Атентатите во ВМРО

28 ноември 1907 г.
На тој ден, тој (Тодор Паница) е поканет во домот на Борис Сарафов на ул. Осогово, № 36. Согласно претходните договори , на неа треба да присуствуваат и тројцата задгранични представници , но во последен момент Христо Матов откажува оти не можел да дојде „поради ангажираност“.
После „спокојно и глатко” водениот разговор, околу час пред полноќ, Сарафов и Гарванов го испраќаат Тодор Паница до излезната врата. Понесен од моментот на изненадување , последниот ги вади брзо двата нагани и ги застрелува Иван Гарванов во левото уво, а Борис Сарафов во левата слепоочница и исчезнува во темнината по софиските улици.

Екзекуцијата на двајцата задгранични представници е по заповед на Сандански и од тогаш започнува братоубиствената војна во ВМОРО, а во меѓувреме убиецот Тодор Паница станува српски ренегат и српски измеќар каде се движи непречено со фалсификувани српски документи, за во виенскиот Бургтеатар да му пресуди Менча Крничева.

Сарафов и Гарванов се меѓу најистакнатите дејци на ВМОРО речиси од нејзиното основање. Првиот активно соработува со Гоце Делчев и Ѓорче Петров, а за време на Илинденското востание е началник на Главниот штаб во Битолскиот револуционерен округ. Вториот е член на Солунскиот комитет од 1899 година и под негово раководство на Солунскиот конгрес на ВМОРО (1903 година) се донесува одлука за кревање на востание. Убиецот пак е член на ВМОРО од 1902 година, а по крахот на востанието се зближува со Јане Сандански. Поради убиството на Сарафов и Гарванов е осуден на смрт од Ќустендилскиот конгрес на ВМРО во 1908 година, но пресудата е извршена дури во 1925 година од страна на Менча Крничева во Бургтеатар во Виена.

Кирил Радевски