Антонио Милошоски

Во врска со вчерашното ТВ појавување на Антони Милошоски, имам две работи што би сакал да ги кажам:

 

  1. Во Париз Никола Груевски нема да оди за да се случи ново Пржино 1 или Пржино 2, ами за да стави потпис на нов “Охридски“ договор. Нов “Рамковен договор“ за капитулација, овој пат за името. Како и 2001-ва, “Меѓународната“ бара капитулацијата да биде потпишана од лидерот на ВМРО ДПМНЕ. Груевски ќе мора да капитулира, баш како и неговиот ментор и предходник.                                        Додатно, ако мисли дека од судбината на Борис Трајковски, како потписник на капитулација, ќе се спаси Ѓорѓе Иванов, се лаже. И тој ќе биде дел од тој консензус.
  2. Доколку Антонио Милошоски, критикувајки ја стратегијата на сопствената партијаа во врска со Пржино 1 и 2, смета и сметал дека не требало да се преговара надвор од Собранието, зад затворени врати, не транспарентно и слично – зошто во истото тоа Собрание гласаше за договорите од Пржино, за СЈО, за Катица Јанева?!