.
Американското онлајн издание „Wars on the Rocks“ објави интересна статија на Џулија ван дер Колф „Градење нов американски арсенал“ со дискусија за актуелните проблеми на американскиот воено-индустриски комплекс во светлината на војната во Украина.
Во Пентагон ѕвони алармот. Соединетите Американски Држави забрзано остануваат без муниција за поддршка на украинската војска. Оваа поддршка доаѓа во позадина на сериозни заостанати испораки на оружје за Тајван од повеќе од 14 милијарди долари. Војната во Украина го потврди она што веќе беше нашироко познато: индустриската база на Америка атрофираше и се изгуби по распадот на Советскиот Сојуз.
И покрај напорите за обновување и зајакнување на производствената база, достигнувањето на производствениот капацитет потребен за надополнување на залихите и подготовка за можноста од целосен конфликт со Кина остануваат малку веројатно. Времето на замена на тековните критични залихи на оружје и муниција во просек е 13 години со сегашните стапки на раст на производствените капацитети. Многу напредни американски системи се произведуваат на многу малку линии за склопување од уште помалку производители. Производството бара сè поголема работна сила со познавање на овие системи, а синџирите на снабдување се состојат од ретки метали, микропроцесори и сложени механички делови од целиот свет кои се многу тешки за набавка. (Односно се произведуваат во НР Кина)