ВО МАКЕДОНИЈА ФИЛМОТ СТАНА ЖИВОТ
Неколку збора за “машката Врба” на Манчевски:
-филмот е нешто што македонскиот гледач не сака да го види на филм бидејки му е реалност фалеше само уште сликата за македонското здравство;
-претерано реален и суров како животот овде во Македонија филмот е живот, а не филм, гледањето е тежок удар на чувствата на Македонецот;
-самобендисаност од типот “Хичкок” со постер потпис на авторот на реклама за чај за потенција;
-скапа народна приказна во првиот дел лош приказ на македонската традиција на едно ниско ниво на култура, негативен одраз за македонската традиција и култура – верување во натприродни, магијски и окултни обреди без да се каже историскатапричина за истото;
-уметност заради профит со две верзии на филмот женска и машка “Врба”, (женската не ја гледав демек истото од женско гледиште чини плус 150 ден зависи од киното);
-да не беа глумците и македонскиот етнос, носии и музика филмот ќе беше класично фијаско, единствено вредеше насмевката на Кире на крајот;
-изобилува со многу пораки како авторот да ни соли памет за суровоста на животот која ја преживуваме
-вреди да го гледа некој на кој животот му е убав и му цветаат рози зошто филмот како уметност не е реалност инаку би бил документарец;
-погрешен историски тајминг за ваков филм и промоција на истиот;
-се надевам еднаш ќе доживееме Манчевски или друг наш успешен автор да го прикаже македонскиот народ во поубаво светло!
Пораката е едноставна “што се преживува една жена да стане мајка и да го израсне и сочува своето чедо здраво и право, кое ако е женско преку филмов ќе има добар пример ” но многу прашања и фактори за македонската борба со постоечкиот здравствен и општествен систем да основа и издигне семејство многу прашања се уште остануваат не одговорени уште од 17-ти век.
Реално по мое мислење сигурно многу скап и еден од нај лошите филмови на Манчевски. Дефинитивно не го препорачувам!
Владимир Панчевски
Судија
Скопје, 07.11.19