Во комплетното рушење на досегашната “перцепција“ (формулација на Џ. Сорос) за тоа што била и како функционирала америкасната администрација на чело со претседателот…, во комплетното рушење на “лажните медиуми“ (fake news – D. Trump) од страна на идниот Претседател на Америка – малку незабележително поминува и едно друго разоткривање (debunk) на лажната слика што американската врхушка ја продаваше на светот?!
Тоа е Холивуд, односно холивудски филмови. Блогбастери со најголемите селебрити од Беверли Хилс.
Сите тие се изнаредија да глумат претседатели: Мајал Даглас, Ник Нолти, Ентони Хопкинс, Чарлтон Хестон, Џон Карадин, Хенри Фонда, Џонатан Прајс, Рој Шејдер, Род Стејџер, Џон Траволта, Ричард Видмарк, Морган Фриман и многу други.
Кога човек од оваа перспектива на десороизација, де-перцепцизација, деамериканизација ги гледа ти блог бастери – му доаѓа да поврати. Америка е нападната, лошите момци се диктатори од Ј. Америка, Африка, Блиски Исток, Далечен Исток, од Кина, Србија – од секаде. И од тие лоши луѓе светот може да го спаси (и го спасува) само американскиот претседател. И Никој друг. Но не сеамо тоа! Американскиот претседател го спасува светот и од напад на вонземјани.
Американскиот претседател во сите тие филмови се бори за слобода, мир, човекови права, принципи, демократија!!! Другите се лоши, тој и неговите се арните!!!
Но, како што Мајкал Даглас во “Американски претседател“ ќе каже на своите најблиски соработници: “People don’t drink the sand, because they’re thirsty. They drink it because they don’t know the difference“.
Па така, народот нормален од цел свет веќе не пие песок, односно нафта. Ја препозна, ја разоткри и ја отфрли Холивудската скисната боза од филмови каде “Нејви силс“ спасуваат безпомошен народ. Каде Рамбо ебава мама на крволочни виетнамци и руси. Каде Џемс Бонд е ебачот а русинката Татјана Романова е ебаната страна.
Очекувам да видам филм каде американскиот претседател ќе праша: Колку бомби треба да фрлам и колку луѓе да убијам за да добијам Нобелова награда за мир?
Многу работи се срушија во последните неколку година, а пред се во 2016-та.
Политичарите се разголени до ниво на стриптизета на шипка. Новинарите признаа дека се плаќани да создаваат текстови и војни по нарачка. “Перцепцијата“ а не реалноста ги сруши Гадафи и Садам. Забрзано се распаѓа перцептивната творба ЕУ.
Кај нас, малку поспоро одат работите. Политичарите по тешко се отрезнуваат од перцептивното пијанство. Медиумите сеуште се надеваат на млеко од истата цицка, која за нивен жал пресушува.
Но затоа е тука народот сите нив да ги освести, рабуди и превоспита.
Па, тоа ќе треба да се случи и во филмската индустрија. Таа што дебело е финасирана од Минисерството за култура и министеркта Камчевска, а за чии производи нема никаков отчет, одговорност, поврат на средства…
На Македонија и е доста да гледа филмови каде комитите се пијани, прљави, гнасни, поводливи и без крајна идеа што сакаат (До балчак). Доста ни е од филмови (Трето полувреме) кои се копија на српски филмови (Монтевидео, Бог те видео). Исто така, доста ни е од филмови каде македонецот е претставен како прост селанец затворен во племенски круг (Пред дождот). Доста ни е од филмови што земаат пари за филм (БАлканот не е мртов) а се снимаат во хангари со пердиња и платна. И, доста ни е од филмови каде идеолошките следбеници (Петар Арсовски) на убијците на Струмичките студенти глумат и добиваат високи хонорари токму во филм за убиството на тие студенти (Златна петорка). Доста ни е од филмови каде главниот комита говори со “меко Л“.
Комитите биле горопади, џинови (физички и интелектуално)… Нивните мисли и идеи можат да се прочитаат во нивните писма, проштални писма, завештанија. Биле дотерани и стокмени, сликите покажуваат. Имале само една идеа – Македонија, а не да избегаат со помош на србин “у Америци“ (До балчак).
Уште не видовме горостасен филм за Македонецот јунак. Последен прав македонски филм беше Црно семе. И режисерски и како камера, и како сценаријо, и како глума.
Во моментов течат расправиите околу парите, но и историската вистина за филмот за Битката на Беласица.
Пак ли во филмот ќе бидеме во деминутив, пак ли ќе сме глупи, валкани и наивни???
Има ли некој што ќе направи сценарио за Македонец, борец, патриот ПОБЕДНИК?
Или сите сценарија се со предавства, порази, делби, странски фактори?!?!?!