АМЕРИКАНСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ

Во комплетното рушење на досегашната “перцепција“ (формулација на Џ. Сорос) за тоа што била и како функционирала америкасната администрација на чело со претседателот…, во комплетното рушење на “лажните медиуми“ (fake news – D. Trump) од страна на идниот Претседател на Америка – малку незабележително поминува и едно друго разоткривање (debunk) на лажната слика што американската врхушка ја продаваше на светот?!

Тоа е Холивуд, односно холивудски филмови. Блогбастери со најголемите селебрити од Беверли Хилс.

Сите тие се изнаредија да глумат претседатели: Мајал Даглас, Ник Нолти, Ентони Хопкинс, Чарлтон Хестон, Џон Карадин, Хенри Фонда, Џонатан Прајс, Рој Шејдер, Род Стејџер, Џон Траволта, Ричард Видмарк, Морган Фриман и многу други.

Кога човек од оваа перспектива на десороизација, де-перцепцизација, деамериканизација ги гледа ти блог бастери – му доаѓа да поврати. Америка е нападната, лошите момци се диктатори од Ј. Америка, Африка, Блиски Исток, Далечен Исток, од Кина, Србија – од секаде. И од тие лоши луѓе светот може да го спаси (и го спасува) само американскиот претседател. И Никој друг. Но не сеамо тоа! Американскиот претседател го спасува светот и од напад на вонземјани.