Александар Коневски – ЦЕЗАР

Александар Коневски - ЦЕЗАР

ВМРО те повикува

Драги пријатели , сега повеќе од кога било треба да му помогнеме на ВМРО. Јас лично како дел од “Реформаторите” бев најгласен противник на начинот како беше избран Мицковски, дури и пишував за истото. Кога настапувавме како реформатори баравме оставка од Груевски и промена на статутот на ВМРО, со цел спас на партијата. Приказната горе-доле до негде беше успешна. Иако јас лично не бев присутен кога Мицковски подаде рака и функции на Реформаторите со цел помирување, мора да си превземеме одговорност дека ние дадовме лоши кадри за некој од дадените функции. (Особено на местото заненик Ген.Секретар) на мошне сериозна Функција испративме крајно не сериозен лик. И со тоа само наштетивме на партијата. Нејсе, друго ми е мубетот…Кога како Реформатори зборувавме за криминалот во нашата партија и кога гласно ги кажувавме криминалците со име и презиме, цела новинарска фела која наводно беше објективна и се бореше против Груевски ни го остапуваше цел медиумски простор за нас. Тоа го знам лично бидејќи јас бев човекот кој ги организираше медиумите и даваше простор за нашите прес конференции. Тие новинари не нарекуваа херои,секое прашање им беше дали има закани по нашиот живот ,бизнис,итн.. Дури се нудеа за било каква помош. Сега истите новинари го оправдуваат Заев кој го сруши цел правен систем на РМ само за 10 дена во неговата амнестија, за истите тие луѓе за кои предходно ни нудеа помош. Но едно е ФАКТ ,ВМРО ги шутна криминалците од своите редови додека Заев го прибра шутот од ВМРО и со тој шут, заедно со ДУИ си ја спроведе својата агенда. И нормално ние кој се боревме за демократија и против криминал сме оставени сами на себе. Криминалците се амнестирани, си добиа добри бизниси и ОПААА…повторно се дел од нашата приказна. Мицковски повика на избори , ХРАБАР коцкарски потег ,секоја чест. По неговиот повик дел од нас кој бевме носечка машинерија во реформите се видовме и решивме овојпат да застанеме позади нашиот Председател. Затоа ги повикувам сите членови кој беа дел од реформаторите од сите градови низ Македонија да застанеме до Мицковски. Знам дека сте разочарани ,со право сте разочарани, знам дека дека сте деморализирани ,со право сте деморализирани, знам дека сте чесни патриоти зборував со Вас, знам дека многу изгубивте и не добивте ништо, знам дека размислувате ништо од оваа работа се е договорено и дека тој што си се наместил ќе си ја тера како што си ја терал. Се ми е јасно. Но едно знам и во тоа сум сигурен треба сега повеќе од било кога да застанеме заедно со ВМРО и да им пратиме порака на Заев и Ахмети дека ќе бидеме или дел од ПРОБЛЕМОТ или дел од РЕШЕНИЕТО. Мора да испратиме ЈАСНА порака до Заев и Ахмети дека работата не им е завршена додека ние од ВМРО не кажеме дека е завршена. До почитуваните политичари, новинари ,шарени, кој се” бореа” за правда и криминал, сега истиот го оправдуваат, треба јасно да им ставиме до знаење : Дали правдата ќе биде донесена ,или НИЕ ќе ви ја донесеме правдата …ПРАВДАТА ЌЕ БИДЕ ЗАДОВОЛЕНА! Пријатели време е за ИЧ или Брич , зар можеме да си дозволиме овие времиња да ги одспиеме?

Коневски Цезар Александар