Алдо Климан

Алдо Климан

Бугарскиот наци-фашизам среде Европската Унија

Бугарската „висока”, приземна, т.е. подземна политика, денес водена од разни неранимајковци и посерковци, Борисови, Каракачанови, Захариеви и уште куп такви безобѕирни фашистоидни примитивци од типот на Џамбаски, Ковачев и други, тешко е заболена од неизлечливиот последен стадиум на антимакедонски шовинистички сифилис, што е всушност фаза на целосно и конечно морално распаѓање. Гниењето и реата на патолошките сифилистични големобугарски идеи траеше, и трае, повеќе од 150 мачни години, а еве сега, во 21 век, конечно пукна гнојниот чир со тие „големоидеи”, и гледаме како пред наши очи, во срцето на Европа, сосема се распаѓаат во најбедна, длабоко антицивилизациска и длабоко антимакедонска немерлива омраза и садистичко политичко лудило. Најновата бугарска злосторничка иницијатива кон Македонија и кон македонскиот народ, содржана во перфидните, уценувачки, наци-фашистички барања против интересите на Република Македонија, официјално упатени како Меморандум до институциите на ЕУ, означува слом и крај на бугарската, ионака мизерна надворешна политика, невешто прикривана зад маската на божемната европска префинетост и широчина. Но европската карневалска маска конечно падна, а остана само бугарската политичка мизерија.

За сировоста и безидејноста на бугарската меѓународна политика, потврдена и со бедно шурување со најпознатиот македонски криминалец и национален велепредавник Зоран Заев, веќе пишував, па овде само би ја оцртал во неколку зборови: тоа е исклучиво вековен криминален и безобѕирен воен и политички грабеж на македонските територии, на македонската политичка и културна историја, на македонското име, на македонскиот јазик, на македонското културно наследство, со еден збор континуирано насилничко нарцисоидно себенаметнување, грабеж и поништување на сѐ што е апсолутно наше, автохтоно македонско. Бугарија нема никаква друга респектабилна надворешна политика, освен неуморно и здодевно преџвакување и превртување на македонското прашање и посегање по нашите највисоки национални вредности и стојности.

Наоѓајки се на дното на сите најстроги вреднувања и оценки на бугарскиот статус во Унијата, и по однос на цутењето на стопанскиот и организираниот криминал и корупцијата, и во поглед на нефункционирањето на правната држава, непочитувањето на човечките и малцинските права, како и по однос на бедните економски показатели, подеднакво е така бедна и бугарската надворешна политика. Тоа е едно самрачно, ретардирано место во европскиот политички спектар, без какви и да е изгледи наскоро во неа да продре барем малку цивилизациска, хуманистичка светлина, независно од сегашниот сеопшт национален бунт против Борисов и против неговата разнишана корумпирана влада. Таа и таква бугарска надворешна политика е патолошки и опсесивно врзана само и исклучиво за Македонија. До коска заразена од најцрн антимакедонизам, за неа, освен Македонија, сите други нешта се само ситна боранија. И баш токму затоа бугарската надворешна политика во очите на меѓународната јавност и претставува само најобична ситна боранија, а може да функционира единствено благодарение на таквите лигави велепредавнички лазачи и туѓински слуги како Заев, Димитров и Шекеринска, и нивните слепи и заблудени северџански верници, здружени со големоалбанските „европејци” кои пак, терајќи си ја совршено прецизно и непоколебливо својата големоалбанска дезинтеграциска агенда, замислете, ќе ни граделе автопат братство-единство Скопје-Софија под името „Гоце Делчев”.

Но иако сето тоа со Бугарите веќе одамна ни е предобро познато, и не само нам, туку и на целиот свет, па што и да си мислат тие самите, – особено за нивното недвосмислено фашистичко минато што, кога тоа би било возможно, тие веднаш, за надворешна употреба, алхемичарски би си го претвориле во антифашистичко, – во овој контекст сакам нагласката да ја ставам на онаа нивна, од генерација до генерација илјадници пати повторувана, и од колено на колено пренесувана лага, што сосема ја проткајува и ја пронижува сета нивна гангстерска антимакедонска шизо-зофија, а која еве и сега, во овие најактуелни притисоци и уценувања пак ја турка во преден план бугарскиот трчи-лажи Бојко Борисов, а тоа е дека Бугарија и Бугарите се вечни спасители на Македонија и на македонскиот народ. Во неодамнешните медиумските пораки до својот балкански мафијашки колега, квислингот Зоран Заев, Борисов вели: „Ајде да го решиме Гоце Делчев, па да продолжиме со приемот во ЕУ”. Значи, повторно Бугарите ни се спасители: тие се тие што ке нѐ примат во ЕУ; беэ нив никогаш не можевме, па не можеме ни сега. Доволно е само велепредавникот Заев да го даде Гоце Делчев, а ние да прифатиме дека сме Бугари, и оти македонскиот јазик е бугарски – и Бугарите ќе нѐ спасат, и веднаш ќе нѐ примат во ЕУ. Од тоа „веднаш” со значење „на куково лето” веќе ми се мачи! Кога ова што сега ќе го спомнам не би било сфатено како говор на омраза, јас на тој бугарски неранимајко Борисов би му рекол само: „Ѓубре едно непрокопсано!” – но сега е многу модерно во хипердемократскиот режим на Зоран Заев да се апсат до болка понижените и повредени чесни граѓани на Република Македонија, особено македонските патриоти што божем ги „навредиле” нежните и хиперчувствителни мафијашки домашни и странски гнасови и лигуши, па затоа јас тоа, не дај Боже, никако нема да го изговорам. Само ќе си мислам така, за да не може да ме чуе оној полициски ќутук Берија Спасовски.

Но, македонски народе, морам да признам, неизмерно се чудам што по сите најцрни свинштини и понижувања што ни се случија во разнебитувањето на Македонија во името на таканаречените евро-атлантски интеграции, сеуште успеваат да ми те лажат и сеуште веруваш во таа празна измамничка ЕУ-бајка. Но веруваш ли навистина? Има ли таа невиност и наивност граници? Кога веќе еднаш ќе прогледаш со ширум отворени очи, кога ќе ги отераш сите „у материну”, и ќе тргнеш во конкретна, радикална и жестока самоодбрана? Кога повторно од јагне ќе станеш лав, зашто имавме такви прекрасни, храбри, горди македонски синови и водачи кои надалеку ни го пронесоа македонското име? До кога понизно ќе одиш по тој сув ЕУ-морков со кој пред нос ти мавтаат сите тие домашни и странски политички патолошки измамници, разни Заеви и Борисови, и куп други будали? Разбери, мил мој македонски народе: нема никогаш и ништо од ЕУ, а дури такво нешто и да ни се случи, ниту дотогаш, ниту оттогаш натаму, од ЕУ нема да ни дојде ништо ни бесплатно, ниту добро, и особено не од некоја си голема братска љубов. ЕУ е заедница на сурови меѓусебни интереси на големи неолиберални и неоколонијалистички играчи, кои се ту заедно ту едни против другите, а во сето тоа ние сме само нивни овчички за стрижење и поткусурување.

Од друга страна, што е воопшто денес Европската Унија, која така фраерски од ракав ја вади и со неа се расфрлува „спасителот ни” Борисов? Во моментов тоа е само еден опасно расклатен воз кој, по бегалската криза од 2015 година и во екот на актуелната пандемија на ковид-19, патува и патува според некоја своја бедна, безидејна, бесмислена и нелогична инерција. Ниту некој таму знае каде возот оди ниту каде ќе стаса, ниту пак има некаква јасна цел, освен голо преживување на Унијата низ своите скапи бирократски институции, а пак воопшто нема намера и не ѝ паѓа на ум патем да запира и на некои си „провинциски” станици како што се Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија, а за Косово и да не зборуваме – за да ги собира тамошните безнадежни балкански патници. ЕУ-возот има задолжени и добро платени машиновозачи и кондуктери кои од организациски и морално одбегнатата „композиција” ( т.е. декомпозиција) само со наместени ЕУ-насмевки им мавтаат на тие што стојат таму надвор, долу, најдолу, и одвреме-навреме, за медиумски и политичко-пропагандни потреби, по нешто ведро и ветувачко (во смисла: „ЕУ нестрпливо ве чека”) им твитнуваат од раздуваните прозорци на шарените вагони, онака како што тоа се прави од возови што бргу минуваат низ перифериите и заминуваат којзнае каде, додека оние покрај пругата и на „провинциските станици”, т.е. ние, заблеани со зинати усти и очи полни надеж мечтаеме еднаш и ние некако да го дофатиме тој надреален ЕУ-воз, па и самите да стасаме некаде далеку, далеку, во ЕУ-јабана, кајшто всушност никој не нѐ пожелува ниту не сака, ниту пак таму ќе најдеме нешто подобро и потопло од својата родна „провинциска станица”, од својата убава татковина.

И, најпосле, каква е воопшто таа Европска Унија денес, каков е тоа цивилизациски сурогат, кога така лежерно, ладно, без да трепне, дозволува една нејзина членка да испраќа до нејзините највисоките тела чист наци-фашистички Меморандум, едвај тенко завиткан во целофански бирократски флоскули, Меморандум смртно насрчен против една друга суверена држава – Македонија, и против нејзиниот суверен народ – македонскиот? Европската Унија морално е ужасно заболена, па дури и сериозно исплашена, и не знае што да прави со самата себе си, и таа денес не е, и во никој случај не смее да ни биде никакво сериозно мерило за нашата судбина и за нашата иднина, и особено не затоа што до гуша, и на најгруб и насилнички начин, беше инволвирана во валканото и безобѕирно меѓународно поништување на изворната, низ тешки историски премрежиња и национални жртви создавана држава Република Македонија, и во бришење на македонскиот народ од мапата на светските суверени народи.

Ако така ја сфатиме, а само така треба да ја сфатиме реалната безначајност и беспредметност на надуваниот ЕУ-балон за Република Македонија и за нејэините граѓани, тогаш и сами ќе можете лесно да заклучите што може еден Бојко Борисов, кога онака длабоко мислителски ќе се повлече на едно место… да направи со своите „спасителски” закани, како и со својот приватен гробнососедски Договор со квислингот Заев. „Ѓубриња белосветски!”

Уф, господине Берија Спасовски, знаете, ова со „ѓубрињава белосветски” е само во моите мисли, не го изговорив, да не испадне после дека е некаков говор на омраэа.

Алдо Климан

Пула, 19.09.20