Сите се запнале да сме станеле ко Швајцарија.
Иако, тие што се запнале појма немаат што е и каква е Швајцарија.
На пример, тоа е држава што за секое прашање организира референдум. Тоа е држава која за СЕ’ си го прашува својот народ.
Кај нас, со разни “пржиња”, “ванхојтиња”, “прибиња” и слично од Швајцарија немаме ни “Ш” ни “Шкљ”.
И едната и другата партија би да решаваат ама народ да не прашуваат.
Еве, најново за двојазичноста!
СДСШ го поминува законот на влада иако во изборната програма тоа го немаше ветено – односно го излажа народот, а на ДПМНЕ ни на крај на памет не му е да го истопурчи дежурниот Милошоски за да побара референдум!!!??? Макар и од пред споменикот во Смилево.
Никому во Македонија не му е во прилог народ да прашува.
Затоа, баталете Швајцарија. Таму имаше дури и референдум за “слобода за изразување”. Референдум инициран од страна на мој пријател, гостин во моите емисии и еминентен адвокат од Цирих Матиаш Ерне.
http://www.voltairenet.org/article178574.html