Големите ликови и револуционери во нашата и светската историја не се криеле, тие воделе. Сава Ковачевиќ повикал „“За мном“ и прв трчал и пукал кон германците. И погинал. Секако, оние што се криеле зад него потоа добиле партизанска споменица и стан или куќа на Дедиње.
Никогаш не сум сакал луѓе што се кријат и се мушнуваат од втор план. Што се кријат зад народот. Веројатно затоа што јас сум со име и презиме, со текстови, емисии и дејствувања изложен поединечно, јавно, јасно и гласно без било какво криење. Кога ме апсеа 2004-та, сам си отидов со такси до ПС Бит Пазар. Кога минатиот месец ми дојде полиција во куќата на мајка ми каде не ме најдоа, сам одев по нив да ги бркам и барам за да прашам што сакаат.
За Протестот што е планиран за во недела навечер, вчера си прашав преку ФБ објава кој е организатор? Просто прашање кое претпоставува и едноставен одговор. Тие-и-тие или тој-и-тој и толку. Аме не! Добив стотици одговори и пораки дека “народот е организатор“. Глуп одговор. Народот може да е присатен, да даде поддршка, да учествува, ама организаторот мора да има матичен број, а со тоа и име и презиме.
Зошто беше потребно криењето зад народот?! Оти организаторот знае дека ако се каже кој е или кои се, ќе нема одзив?! Оти се осведочил дека досега не успеал да собере повеќе од неколку стотина луѓе?! Зошто таква анонимност?
Потоа, при крајот на криењето и не одговарањето на моето прашање некој ми имаше постирано видео од ФБ-от на Палчо, каде Тодор Петров има прес конференција, и каде станува јасно дека е тој организатор.
Не беше тешко тоа име да се напише и на почеток. Значи не народот, ами Тодор Петров, кој со години беше пријател со професионалниот убиец на КОС Иван Џо Петрески. Канцелариите му се во објектот на Џо, криминално земена поранешна сопственост на Матицата на иселениците. Протестот има листа на поддржувачи професори, академици, новинари и слично. Но и поддржувач не е исто што и организатор. Така да, посредно разбрав кој бил организаторот.
Во последно време се интензивираа признавањата и тврдењата дека во тие движења, протести, заеднички македоонии, дека еди-кој-си од оваа организација се искарал со некој со од истата или другата. Палчо со овој-оној, Бачев со Мицов, Сотир со Тодор…, и се така македонска работа. Плус, овој-земал-пари, таму-не-ги-дал, оној-скрил, оние биле УДБА… И така до бескрај.
Сето тоа, секако, оди на штета на монолитностана македонскиот народ… Монолитноста едноствано ја нема. Расцепкани сме до бескрај. Овој не го признава оној, оној не се сака со некој си трет – и се така.
За жал Македонија 30 години не изнедри национален лидер. Груевски имаше шанса, но најодвратно и шибицарски ја прокоцка.
Сите останати што се појавуваа на политчката сцена беа тамаќари што позицијата ја искористија за свое криминално богатење. Или, уште пострашно, беа соработници на тајните служби, што народното незадоволство го форматираа така како што на полицијата и одговараше.
Досега во Македонија имаше неколку спонтани протести: кога железарците се симнаа во Скопје, кога го тепаа Љубе, кога се палеше САД амбасадата или протестот за името на Пела во 2008-ма.
Лично, посакувам таков револт. Доста ми е од протести кои завршуваат со нечив говор или обраќање, со заминување дома, со ветување дека пак ќе се вратиме.
Тодор Петров како организатор е лик кој најмалку и е потребен на Македонија во овој момент.
Зошто?
Затоа што:
- Тодор е најдолговечниот и несменет функционер од една иста позиција! 30 години не се најде ли кадар што ќе биде поквалитетен, што ќе биде освежување или подобрување на СМК? Тодор, кој со децении повикува на смени, оставки, промени е ЕДИНСТВЕНИОТ што не е сменет!!! Ова колку што е чудно, толку е и прашање за неговата улога и неговите удбашки мецени.
- Тодор Петров со секоја ваква дешавнка постигнува ефект да може да гостува низ дијаспората каде добива пари за кои нема евиденција каде се трошат.
- Најважно, Тодор Петров во својата три децениска активност, нема ниту еден успех на политичката и општествената сцена во Македонија. Да потсетам: неуспешна блокада кон Грција, неуспешен исход од референдумот за територијална, неуспешн митинзи, одбиени иницијативи во Уставен, непоставен крст во Бутел… Зошто сега би имал успех во рушењето на фашистичкиот режим?
Тодор Петров на целото тридецениско водење на МКЦ и трошење на донациите од дијаспората нема испорачано ниту еден успешен резултат. Уште пострашно, ако сакаш нешто да не успее, дај му ја таа работа да ја тера “ергенот“ Тодор Петров.
Ниту еден говор на Тодор Петров не мотивирал народ. Ниту една порака не останала бележита. Никогаш немало “За мном“, па да тргне кон портите на Парламентот. Нели е чудно што го немаше на 27-ми април? Го немаше и кога сите јадевме солзавец пред Собранието летоска!!! Чудно, нели?
Тоа е болната вистина.
Јас лично, колку и да сакам да сум со сојот народ во недела навечер, а факт е дека ќе има народ бидејки незадоволството е зовриено, не можам себе си да си дозвол да дојдам да го слушам говорот на Тодор Петров. Па, на крајот, одејки кон автобусите, разчараните учесници да ме прашуваат “и сега шо“, “з’шо дојдоме“…
Со оваа логистика (читај: пари) што ја има Тодор за овој протест, најмалку за очекување е да повика дека се доаѓа пред Собрание, и потоа нема одење дома додека собранието не се самораспушти. За очекување е дека ќе повика на сенародна блокада на државата. Луѓето што треба да се товарат во автобусите од другите градови низ Македонија, наместо на пат за Скопје, да застанат на магистралните патишта и да блокираат. Оние од Скопје, исто така.
Ама од тоа нема да има ништо.
А вака, да се собереме за да го чуеме стереотипниот приспивен говор на Тошо – не фала. Тоа ќе е само друга форма од поштарите Бачев и Филип што одеа по домови да врачат писмо. Многу јако радикално!!!
“Режимот“ на Груевски не беше срушен со писма. Ниту со протести, односно митинзи, по кои се оди дома. Напротив, беше срушен со насилие, непокор, кампинзи пред владата…
Колку човек тоа однесување да не го одобрува, факт е дека Груевски така го бутнаа. Заев, сигурен сум, нема да падне со тоа што Крсто и Љубен или Сашо предавниците добија писмо на рака.
М. Неделковски
од Пешна, нема везе ова со БудимПешта, ова е пештера и рибник. И ресторан.
15.11.18