Јане ЧЕНТО за Претседател

Јане ЧЕНТО за Претседател

Пред продолжување на БИТКАТА ЗА МАКЕДОНИЈА, треба да се подвлече црта, да се сумираат резултатите (кои се очајни), да се даде отчет на сработеното (дабетер очајно) и да се направи план за понатаму.

Александар Пандов, Тања Каракамишева, Мирка Велиновска и јас на моите медиуми, како и други луѓе на други медиуми долго време заговаравме дека мора да се бара да се оди со претседателски избори заедно со парламентарни. Плус сето тоа да е по пржински систем. Најглемата опозициона партија и најмоќната партија во Македонија ВМРО ДПМНЕ, најнапред беше за тоа, па имаше пауза од неколку месеци каде имаше фемкање, за конечно викендов да се одважи да го побара токму она што ние го проповедавме.

Сега сме во очекување да видиме дали претседателско-парламентарната изборна програма ќе содржи неколку, според мене, најбитни точки: Поништување на договорот од Нивице, поништување на договорот со Бугарија, укинување на законите произлезени од Тиранската платформа, апсење и процесуирање на сите велепредавници (политичари, бизнисмени, новинари, професори…)…

Настрана од ВМРО ДПМНЕ и нејзината програма, настрана од делувањето на тимот на Мицкоски, ќе треба генерален ремонт и на се она што како невладина институција пловеше (и се финсираше) на бранот на патриотизмот, национализмот, родољубието, македонштината, православието…

Тука пред се мислам на Светскиот Македонски Конгрес со безвременскиот, вечниот, “незаменливиот“ Тодор Петров. Организација со големо име, долго време и со влијание во дијаспората.  Безмалку тридецениското делување на Тодор Петров не донесе ништо. Ниту пак за парите собирани и донирани во/од дијаспората нешто по битно се направи во Македонија. Сите преставки до Уставен од страна на Петров и СМК беа одбиени, референдумот за територијална беше неуспешен, стратегиите за зачувување на името се покажаа како апсолутно неуспешни.

Да потсетам дека дијаспората ја направи Хрватска Држава, Косово независно, Грција влијателна… Нашата дијаспора можеби не е толку финансиски силна како овие, ама сигурно е дека нашите во дијаспората се далеку по големи домољубци и патриоти од овие балкански соседи.

За жал, организација каква што е СМК од основањето до денеска е легло на удбаши, полициски соработници и убијци на патриоти (каков што е Џо Петревски, на пример). И токму затоа нема резултати. Единствени резултати се што ја исцица финансиски дијаспорта и ја испокара меѓу себе.

Во СМК дојдено е (море пројдено е) времето за тектонски промени.

На СМК му треба нов и неизвлкан лидер. Патриот. Докажан маченик за Македонија. Не му треба салонска фуфа без дете и коте како Тодор Петров (чуден е тој негов ергенлук, баш како и оној на Илија Димовски), туку маж, домакин, татко, сопруг…

Ќе се направи година-и-пол како Јане Ченто лежи во зандани за Македонија. Невин, без дамка – и токму затоа замандален заедно со другите два маченика Игор Југ и Горан Ангелов (да не ги заборавам и Дедо Панче и Јаким Трифуновски).

Јане Ченто ја плаќа фактурата која сите ние сме ја направиле. Тој, како и Југ и херојот Игор Дурловски, одби да биде амнестиран, помилуван и згазен од сегашнава фашистичка чизма во Македонија. Тој докажа дека е патриот и дека е спремен за Македонија со децении да лежи затвор, да не ги види и да не им се порадува на дечињата што растат…

Може да се види дека во Македонија има кривични постапки, приведување, па дури и ќотек за рап пејач, глумец, новинар – ама никогаш за Тодор Петров? Нели е чудно тоа нешто. Стоилов ќе е “играчот со број 5“, Жарко од “Пука козметика“ ќе биде тепан од полицијата, Миленко ќе биде суден за пишана реч (ист како и Тони Шанац) – ама за Тошо Петров никогаш нема ништо!!! Тошо не влезе во Собранието, на 27-ми беше скриен баш како и Али Ахмети во Мала речица и Никола Груевски во Виена. Петров нема никогаш да си дозволи заради Македонија да си го замени домашниот комотитет за студена ќелија во затвор.

Јас не сум член, нити имам било какво влијание во СМК. Но сметам дека СМК со вистински лидер може да биде страотна сила, па ако сакате и политичка сила, во македонскиот простор. СМК со дијаспората зад себе и со Јане Ченто на чело не е сила, ами атомска сила.

Затоа ја повикувам дијаспората, односно комитетите на СМК во странство (или како и да им се викаат организационите структури), да поведат иницијатива за разрешување на Тодор Петров и на легален конгрес да го именуваат Јане Ченто за Претседател на СМК. СМК така ќе добие енергија, патриотизам, расчитување со удбашките кадри и полициските соработници. Ќе стане сила. Односно она што сега не е. А дијаспората ќе види резултати од финасирањето и делувањето.

Уште една човечка и политичка добивка ќе има ваков потег.

Јане Ченто ќе биде политички затвореник, политичка жртва, македонски Нелсон Мендела. На тој начин ќе му се помогне во ослободувањето, а ако нема ослободување тогаш во делувањето (политичкото делување) од зад решетки. Нема да биде нарекувам терорист, силеџија, тепач – ами ќе биде политички затвореник какви што биле Линдон Ла Руш, Троцки, Моша Пијаде, Методи Андонов, Панко Брашнаров, Мендела…

Доколку дијаспората е искрена во желбата да помогне и направи нешто во овие исклучително тешки моменти за Македонија, еве го првиот чекор. Повикајте го Тодор Петров во Канада, САД, Австралија, Германија, Италија, Западна Европа и побарајте му: 1. Да каже што направил со досегашната работа и буџет; и 2. Да си поднесе оставка врз база на иницијатвата на задграничните организации (комитети). И кажете му дека ако не се повлече, вие ќе ја повлечете комплетната поддршка (меѓу другото и финасиска) што досега сте му ја давале.

Да го повторам насловот: Јане ЧЕНТО за ПРЕТСЕДАТЕЛ – на СМК.

 

Миленко Неделковски до дијаспората

Скопје, 13.01.19

06.14 ч.