ЈАНЕВСКИ

ЈАНЕВСКИ
Американската амбасадорка во БиХ, Морин Кормак, ги образложила санкциите на САД против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, со фактот дека тој не го почитувал Уставот на БиХ, односно одлуката на Уставниот суд на земјата за забрана на одржување на референдум во врска со востановување на 9 јануари како Ден на независноста. Поинаку кажано, тоа значи дека американската амбасдорка инсистира на почитување на Уставот на државата во која таа е дипломатски претставник, а ако тоа не го правите, Стејт департментот ќе ви воведе санкции.
Е, сега, ако тоа го прифатиме како принцип на американската дипломатија – нејзините амбасадори да го чуваат уставот на земјата во која службуваат – тогаш мора да заклучиме дека американскиот амбасадор во Република Македонија, Џес Бејли, не си ја врши добро својата работа. Колку што ни е познато, не постои негово барање за Стејт департменот да воведе санкции против сите тие од нашата земја кои го опструираат и формалното констатирање дека СЈО е неуставен орган. Точно е тоа дека нашиот Уставен суд не ја утврдил неуставноста на СЈО, како што тоа го стори босанскиот со референдумот за празникот на Република Српска, но тоа е час работа, уште повеќе што Бејли и тука има простор за санкции за сите оние кои вршат политичко влијание врз незавиноста на Уставниот суд и кои бараат или да не се изјаснува за овој случај или да се изјасни така што ќе каже дека формирањето на СЈО е уставно.
Само за да го состави списокт на лица од РМ кои по овој основ би трпеле санкции од Стејт департментот, Бејли ќе има работа за цел месец. Ако кон тоа ја додаде и целата „невладина“ и медиумско бандитска логистика на вршење на притисок врз Уставниот суд по повод СЈО, тогаш месецот може и да се дуплира.
Со оглед на тоа што и ЕУ нешто постајано гњави околу СЈО (за разлика од случајот со Додик каде ниту една држава членка на Унијата не се придружи кон сакнциите), во нашиот случај има простор лично Федерика Могерини да застане на чело со бајракот за почитување на Уставот на Република Македонија. Кој таа го нарекува Устав на ФИРОМ. Но, со оглед на нејзината интелигенција и убавина со кои ја надмина и претходничката, бароницата Катерина Ештон, ние сме подготвени таа мала палавост да и ја простиме. Впрочем ретко се случува да си имаме работа со ваков прекрасен примерок на европската исклучитилена раса (да го употребиме терминот ан БАрак Обама за Американците), уште повеќе што не таа не е некоја српска шајкача како Ивица Дачиќ, па да и реагираме за ФИРОМ. Така што, крајно време е веќе досието СЈО да го комплетираме, на една страна со санкциите од Бејли, а на друга со санкции од Могерини за непочитување на Уставот на РМ и за промовирање на насилство во Македонија во поддршка на тоа непочитување на Уставот. Што само по себе значи дека ние после тоа ќе можеме да го релаксираме Уставиот суд од вакви крупни прашања. Кога Бејли и Могерини ќе ги преземат на свој грб крупните уставни прашања, нашиот Уставен суд ќе може сериозно да се посвети на темите кои му приличат, како на пример, уставноста во некој спор за меѓи меѓу двајца соседи и слично.
Еден дел од Американците, пак, решиле да се тепаат за да ја спречат или омаловажат инаугурацијата на Трамп. И гледате типови, како на пример, Алек Болдвин, кому му минало времето на глупирање со холивудски филмови па решил да си игра политика. И се е тоа во ред, и во демократските и во недомократските општества, дозволено е да бидеш глупак. Ама, Трамп беше избран по сите правила на американските избори. Кои тој ги нарекуваше „манипулативни“. И со сцела медиумска банда против него. Си-ен-ен дури разбработуваше сценарија, демек едукативно објаснуваше, што би се случило ако на денот на инаугурација Трамп биде убиен. Сорос дава по 50 долари за учество во протестите (овдешните шутраци добиваа по 500 денари). Зошто? За да се спречи една право регулирана процедура од изборот на претседал на САД. Натамошното сценарио би требало да предвидува дека Американците сега треба да влезат во Белата куќа и да ја запалат. Тие се фини луѓе, и ним не им приличи украински Мајдан. Тоа е за Украинците. Не им личи ни да палат некаква си канцеларија на претседателот во центарот на градот, како што тоа беше сторено во Скопје. Ним, како лидери на светот, им личи да влезат право во Белата куќа. И да ја дигнат во воздух. Колку да се знае кој е првак во светот во борбата за слобода од фашизмот. Така што, наместо да мрчат по бини, билмезите како Болдвин, Мајкл Мур, Роберт де Ниро (кој направи филм за аутизмот па храбро го повлече откако малку му писнаа) треба да си ги истопорат стомачињата и да тргнат кон оградата. Вака, остануваат на ниво на стари мрчатори кои побегнале од дома, а бидјеќи не ги бува веќе за филмови па не можат да си го арчат времето по студија, си нашле занимација така што ќе потпалуваат некои деца. Е, ним, Никола Поповски треба да им воведе санкции. На барање на Васко Наумовски. Оти тоа нема да има практично значење. Македонија е сепак мала земја и тука нема познат Американец кој има имот, но ќе биде еден вид благодарност до Бејли за неговото залагање за почитување на нашиот устав. Тој го чува нашиот, ние ќе го чуваме неговиот. Што ќе биде уште доказ за стратешкото пријателство,а ние би рекле стратешката љубов меѓу САД и Македонија. И патем, како и во секоја убава приказна, така ќе си живееме долго и среќно.