Ако некому досега не му било јасно со каква банда имаме работа, тогаш, после обидот да се создадае паника кај граѓаните во поглед курсот на денарот, и на кризата да и се додаде нов фронт, се би требало да биде очигледно. Зашто не се работи само за курсот на денарот, кој лесно може да се одбрани, туку станува збор за обид да се натера Народната банка да примени такви мерки со кои ќе се забави економскиот раст на државата. Ако хистеријата на повлекување девизи од банките и купување евра од менувачниците заземеше посериозни размери, тогаш НБМ ќе мораше да преземе рестриктивни мерки за намалување на потрошувачката и за намалување ан кредитирањето, а тоа, на крајот на годината секако ќе резултира со помал пораст на БДП. Така, сите ќе бидеме посиромашни, но токму тоа е и целта на бандата. Што полошо, тоа поголемо незадоволство кај народот, тоа поширок терен за разно-разни револуции. Пате,, веројатно сте заборавиле, но ако беше според истата банда, веќе неколку години ние плаќаме по 75 денари за едно евро.
Во четвртиот квартал од 2015 година, Македонија имаше пораст на БДП од 3,9 отсто. Трите месеци пред тоа, имавме пораст на БДП од 3,6 отсто. Само пет земји во ЕУ имаат подобар пораст во третиот квартал од нашиот: Чешка, Ирска, Малта, Словачка и Луксембург, а според досега објавените податоци за 20 од 28-те земји членки на ЕУ за четвртиот квартал, само Словачка има за 0,1 осто поголем пораст од нашиот во истиот период. Се разбира, ниту една од овие земји не минува низ криза како Македонија. Така што, кога и кај нас политичката ситуација би била нормална (да не зборуваме за тоа што ќе беше ако не беше блокадата од Грција за ЕУ, што сега се покрива со внатрешните проблеми), додадете уште малку плус на овие 3,9 отсто, и ќе добиете бројка која сеуште ќе биде далеку од 6 отсто на Ирска, но во секој случај, ќе биде меѓу првите три во ЕУ. Дали треба да објаснуваме дека тоа се стотици милиони евра? И дали сега ви е јасно што се обидува да стори бандата?
Оваа идеја, овој обид, паралелно со обидот (кој засега исто така е неуспешен, но доаѓа мај кој е најпогоден за тоа) да се извадат средношколците како жив штит пред оние кои ќе ја напаѓаат полицијата, се доволен показател за тоа дека на змијата конечно треба да и се згази на вратот. Оти од вакви игранки, доста ни е!
Дента кога хохштаплерите од т.н. Фридом хаус објавија дека сме биле на некое срамно место по степенот на слобода на медиуми, некаков си самонаречен Синдикат на новинари излезе со осуда на еден од последните текстови на Мирка Велиновска во Дневник. И сега, мери им го умот кој очигледно им е изваден и заменет со пивтија. Дваесет и пет години после напуштањето на комунизмот, ние се уште имаме „осуда“ на некој си текст. Се уште имаме некаков си приврзок на горе спомената банда кој се занимава со диференцијации. Поддржано, разбира се, од УСАИД и Сорос. Што ќе рече, поддржано од нашиот стратешки партнер во кој се колнеме. Но, не е до партнерот. Како што не е ни до УСАИД и Сорос. Тие, вклучувајќи го и оној ЦИА-шот што не работи и за кој пишуваше Мирка Велиновска, а кој да ти биле директор во УСАИД за Балканот, само си ја вршат својата гнасна работа. За што им се потребни домашни теренци. А, ова веројатно се уште е далеку од финалето во градењето на нивниот лик и дело.
Година ипол живееме во кризниот филм на СДСМ и Зоран Заев, како дел од играчите на теренот кои одработуваат за странците. Две години поминаа од минатите избори после кои Стево Пендаровски кажа дека имаат докази за 150 илјади украдени гласови. Две години ги чекаме доказите за кражбата. Или тоа се заборави? Не е битно што тогаш беше кажано? Навистина, врз основа на кои докази може да се заклучи дека минатите избори биле „некредибилни“? И по кој знае кој пат да го повториме прашањето: Што стана со 500-те илјади фантоми?
И уште нешто: Ако ВМРО-ДПНЕ со помош на фантомите чие откривање уште го чекаме, стигна до 500-те илјади гласови на минатите избори, каде се гласовите на СДСМ? Оти фантомите, нели, додавале гласови на контото на ВМРО-ДПМНЕ, ама не ги одземале, ниту можеле тоа да го сторат, тие на СДСМ. Па дилемата е – каде се тие гласови кои желните за промена на режимот гласачи му ги дадоа на Заев? Кој ги избриша? Заев и компанијата стигнаа до 280 илјади. Ако реалната слика била поинаква, каде си нивните гласови? Зашто, ако вие сакате да гласате за СДСМ, излегувате на гласање и го заокружувате социјалдемократскиот број и го пуштате ливчето во кутијата. Никој жив на оваа планета не може да знае, па макар работеле во кабинетот на Груевски, чие бројче сте го заокружиле. Значи (да ја цитирам Катица Јанева), каде се гласовите на СДСМ?
Германскиот министер Штајнмаер ја предупредил Македонија дека си го блокирала својот европски пат. Многу ме интересира: видел ли човекот во документите кој го блокирал членството во НАТО и отворањето на поглавјата за преговорите во членство во ЕУ? Се до моментот кога Венизелос, како министер за надворешни работи на Грција, не ја обнароди новата стратегија на Атина според која ФИРОМ не може да биде членка во ЕУ, не затоа што Грција ја блокира, туку затоа што не ги исполнува стандардите. Кои дотогаш ги исполнуваше. И се додека Германија не влезе во „војна“ за останување на Грција во еврозоната. По секоја цена. Тогаш, ако не се лажеме, тргна се. Така што, за некои луѓе подобро е кога молчат. Оти, не секому му личи да кажува се и сешто.