ЈАНЕВСКИ

ЈАНЕВСКИ

Врхвниот Бог на Македонија

Додека секој ден се забавувате со тоа како половина од медиумите ја „разигруваат“ специјалната јавна обвинителка, додека другата половиа се обидува да го сокрие нејзиното пелтечење и да ја трансформира во национален херој, би требало да имате предвид една работа. А таа е дека Катица Јанева, сеедно како работи, е практично несменлива од функцијата. Освен доколку самата тоа не го побара. Како е тоа можно? Ккао е можно претседателот на државата, премиерот, било кој друг државен функционер да се сменливи, а таа не? Така едноставно. Врз основа на Законот за специјалното обвинителство. Кој го потпишаа сите четири партии. Што е сфатливо за СДСМ, ДУИ и ДПА. Ама е несфатливо за ВМРО-ДПМНЕ.
Според Законот, постојат четири основи по кои на Јанева може да и престане функцијата: 1. По сопствено барање; 2. Ако трајно ја загуби способноста за вршење на функцијата јавен обвинител; 3. Ако е избрана или именувана на друга функција; 4. Ако е осудена со правосилна судска одлука на казна затвор во траење од најмалку шест месеци или на пократка казна затвор или друга кривична санкција за кривично дело кое ја прави недостојна за вршење на функцијата јавен обвинител.
Еве да претспоставиме дека е исполнет четвртиот услов. Дека Јанева е осудена на казна затвор во траење од шест или повеќе месеци. Дури и при ова, постапката врз основа на која нејзе би и престанала фунцијата, бара предлог утврден во Собранието на РМ, но врз основа на претходна согласност на четирите најголеми политички партии со најголем број на пратеници во Собранието на Република Македонија. И при гласањето, се бара двотретинско мнозинтсво, какво што се бара за промена на Уставот, плус Бадентер.
Значи, може да претпоставиме дека специјалниот обвинител Јанева (или сеедно, некој друг кој би бил на тоа место), може да стане член на ИС, може да подметне бомба на скопскиот аердомром или плоштад, може да разнесе некој трговски центар, но дури и при тоа, не може да биде сменета ако со тоа не се согласи една од четирите партии или ако, на пример, не добие бадинтерево мнозинство. Така решила партијата, така и ќе остане. По било која цена. Разумот вели дека таа партија би требало да изгуби гласови и да се доведе во опасност на следните избори веќе да не биде меѓу четирите најголеми во Собранието. Но, ако до изборите има, на пример, четири години, дотогаш ќе измине рокот од пет колку што треба да постои СЈО. Па таа калкулација една партија може да ја земе в предвид и да не даде соглансост за смена на специјалниот обвинител. Или да реши дека ќе истрае на своето по било која цена. Со странска, со домашна помош, со ветување дека рејтингот на партијата повторно ќе се крене, со ветување дека странците нема да дозволат партијата да исчезне – сеедно. Важно, смена на специјалната не може да има. Во личи ова на саглам устроен закон?
Истата процедура е предвидена и за нејзино разрешување. Советот на јавни обвинители може да утврди дека таа постапува незаконито, нестручно и несовесно, како што бара член 18 од Законот за СЈО. Но, тоа што Советот ќе го утврди нема никаква важност, не вреди ни пет пари, ако не биде исполнет став 2 од истиот член кој за разрешување на специјалниот јавен обвинител предвидува постапка во која повторно е потребна согласност на четирите политички партии. Па, ако ВМРО-ДПМНЕ смета дека Јанева е нестручна, СДСМ ќе смета поинаку и обратно. Ако СДСМ ја обвини за нестручност, ВМРО-ДПМНЕ ќе вели спротивно и така во круг. Плус, тука се и двете албански парти чиј став зависи од офф/он копчето на Кале. Важно, може да се утврди и дека специјалниот обвинител дошол на таа функција и со фалсификувана диплома, но разрешуивање не може да има, ако за тоа не дадат параф четирите партии и неколку амбасади, кои пак, немаат никаква врска со тоа дали таа е стручна или не. За тоа е надлежен Советот, чија непартиска одлука зависи од партиите. И амбасадите. Толку.
Оттука, сосема е сфатливо што Јанева по повод нејзиниот извептај, и на Собранието и на Советот на јавни обвинители, практично им порачува да се е… Или покултурно кажќано – ајд гитла, не ми досадувајте. Ќе правам што сакам. Зашто вие така потпишавте.
За ова нема да видием ниушто од СДСМ. Од ДУИ и ДПА и да не зборуваме. Ама не видовме и не чувме ништо ни во неодамнешниот отчет на ВМРО-ДПМНЕ. Како можеше да се дозволи вакав упад во правниот систем на РМ? Еве, јавноста разбира дека поради странските амбасадори и поради СДСМ, Уставниот суд не може да го поништи законот. Ама сепак, и пред тоа, и при потпишувањето морала да се има некоја мерка на правна пристојност. Оти овој шарлатанизам создава правила на однесување кои веќе утре ќе ни се повторуваат.
Time for a break.