Јак бизнисов, нема што!

Јак бизнисов, нема што!

Од медиумите разбравме дека Алфа нема пари да си ја плати лиценцата, па кадарот на ВМРО ДПМНЕ Зоран Трајчевски ќе им ја одземе лиценцата (и ќе ја додели на Роби Телекабел и Вице Заев).

 

Од вработените во Нова ТВ разбравме дека им се должат 4 плати, а директорот, газдата и советникот на газдата постојано лажат и измислуваат дека само што не дошол некој да ја (от)купи и да ги покрие долговите и платите.

 

Од вработените во “палатата“ разбравме дека во партијата ВМРО ДПМНЕ службениците немаат земено плата 3 (и со зборови ТРИ) месеци плата. Засега, тоа бил дострелот на “реформаторите“ вклучени во ИК и другите служби на партијата.

Image result for реформаторите во ВМРО ДПМНЕ

 

Од неколку фирми доверители дознаваме дека Емил Стојменов со правосилна судска пресуда должи 180.000 евра кон фирма од која набавувал телевизиска опрема. Канал 5 е пред блокада на жиро сметка.

 

Од извори блиски до Миленко Неделковски дознаваме дека Зоран Божиновски со правосилна судска пресуда му должи 36.000 евра плус камати.

 

И, така…

 

07.02.2018