Што ти се чинеше?

На нормален народ му беше апсолутно јасно.

НО:

  1. Но не е јасно како на заблудени членови на СДСМ, оние што гласаа за Заев, не им беше јасно дека откако ќе победат оние за кои гласаа, ќе се возат во стари автобуси, земјоделците нема да добијат субвенции, ќе поскапи горивото, се ќе поскапи, ДДВ-то ќе е поголемо, задолжувањето за 6 месеци ќе е за 50% поголемо отколку цифрата за изградба на Скопје 2014, пензиите ќе се помали, платите исто така, нема да се градат патишта и автопатишта, нема да имаат фасади во центарот, државата нема да им има име, нема да биде решено името со помош на шармот на Димитров, ќе бидат бугари а не македонци, наместо македонски ќе имаат бугарска црква и албански јазик, и многу друг работи. Сега во “Градски“, на бабата што се бунела зошто со стари автобуси се вози, шоферот ќе и каже: “бабе, за Петре си гласаше“.
  2. Исто така не е јасно што очекуваше раководството на ВМРО ДПМНЕ што дозволи да ја предаде власта без борба? Очекуваше ли дека нема да го апсат Сокол, апо него Ивица? Не очекуваа ли дека ќе им ја срушта терасата, а после тоа ќе им ја  земат зградата? Не очекуваа ли дека ќе им порушат се што тие градеа? Не очекуваа ли дека за Камчевска Милевска и останатите ќе се прифата докази од нелегално снимени материјали? Не очекуваа ли дека ќе бидат избркани од работа и оставени без леб административците од Карпош и други општини?

 

Мислам, стварно бе!

Што очекуваа и едните и другите.

Ацо Рембрант е во право за алуминиумот.