Шаховска табла

Шаховска табла

Големата шаховска табла

Во 1991 год, во Вашингтон, во Белата Куќа, Пентагон и на Капитол Хил се точеа тонови шампањско, виски, се пушеа пури и се славеше за самоубиството на СССР, кое што доведе до победата на САД во Студената Војна и до фактот дека САД останаа единствена империја во светот.
Франсис Фукујама во неговата книга „Крајот на светот“ издадена во 1992 година предвидуваше расширување на либералната демократија од западен стил низ целиот свет, и дека тоа сведочи за крајната точка на социо-културната еволуција на човештвото и формирањето на конечниот облик на владеење.
Политичкиот, воениот, економскиот и бизнис врв на САД го проектираше идниот светски поредок, на чело со САД.
Главниот збор го имаше геостратегот Збигнег Бжежински. Во својата книга “Големата шаховска табла” од 1996 година тој јасно го има представено новиот Светски поредок каде што САД владеат со светот. Бжежински предвидуваше дека на Големата светска шаховска табла, само САД имаат право и ќе можат да ги разместуваат фигурите, како што тие сакаат.
Покрај Бжежински, Клинтон, Пентагон, како и другите политички, воени и бизнис елити предвидуваа:
– Русија ќе им служи на САД и на Европа како ресурса база, плус животно пространство. Кина ќе биде вазал сателит под контрола на САД, и нејзината улога ќе биде “светска фабрика”. Блискиот Исток ќе ги снабдува САД и Европа со ефтини енергенси
– Европа ќе остане под силна доминација на САД без своја воена и надворешна политика
– Русија и бившиот Советски простор ќе бидат колонизирани според американски модел. Русија ќе се распадне на 3 дела, до Урал под контрола на Европа, Кавазот под контрола на Турција, а Сибир и далечниот исток на Русија, богат со ресурси, под контрола на САД.
– комунизмот во Кина сам ќе се распадне. САД ќе ја претворат Кина во свој вазал сателит, кој што како “светска фабрика” ќе работи и произведува за САД и Европа
– Блискиот Исток ќе биде под силна воена контрола и ќе испорачува ефтини енергенси

Но планот на САД и на Бжежински доживеа фијаско на почетокот на 21 век. Пресвртна точка беше бомбардирањето на СР ЈУГОСЛАВИЈА во 1999 година.
Во право беше Хантингтон со неговата книга “Судирот на цивилизациите” од 1998 година. Во светот во тек е судир на цивилизациите.
– Русија се созеде од шокот после распадот на СССР, како и деградацијата која што следеше како резултат на “Шок терапијата” препишана од САД и Вол Стрит, и се консолидираше на сите нивоа
– Кина во духот на конфучијанството и источната филозофија, го искористи Западот како лост и се претвори во економски, воен, технолошки и научен џин, кој што ја фрли ракавицата на САД. Кина од 2004 година забрзано се подготвуваше за тој судир. Кина создаде свој економски, финансиски, научен, технолошки напреден систем, пандан на Западот
– Арабскиот свет иако после “Пустинската бура” во 1991 и окупацијата на Ирак во 2003 година беше делумно ставен под целосна контрола на САД, успеа да се соземе и да се спротистави на планот да биде доставувач на ефтини енергенси на САД и Европа.

 

Дарко Тодоровски

Москва

11 март 2023