Никола Груевски е човек од збор. Тоа го знае целата јавност в Македонија, тоа го знаат странците од исток и запад, тоа го знае опозицијата.
На тој човек од збор, кујната од САД му го спортистави крииналецот, апашот, рушветџијата, митаџијата и лажгото Зоран Црпко Заев.
Никога Груевски се што вети и договори, и покрај тоа што има многу работи што се максимално непопуларни кај неговиот електорат, исполни. Цензусот за БЦ да биде Претседател, Хашките случаи, попустливоста кон Заев, Пржински договор, СДСМ во Владата… Не му беше мило, знаеше дека има незадоволство кај своите, ама сметајки дека на долга патека носи добробит и спокојство во својата држава, ветеното го исполни.
Спротивно, Заев таков каков што е црпнат, излажа апсолутно се. Овој прислушкувал – не оној, го знам Веруш – не не го знам, ќе ги дадам матерјалите – не не ги давам, безбедни се кај мене – на шиптари ги продадов снимките… Евро за Вицето, 8 милиони од Глобал, 200.000 за бишкарнико, пешки преку граница, од надвор повисоките ме спремаат, не признавам суд, признавам суд кога е во моја корист, ќерка ми е малолетна – ама на сликата личи ептен полнолетна… И вака може да се брои до бескрај…
———————————————————–
Сега “мудреците“ од усросоросписки произход продаваат итроштина со тезата “Груевски вети дека ќе се повлече на 15 јануари“. Да, вети. Не дека ќе се повлече, ами дека ВМРО ќе направи Влада и ќе предложи Премиер за ОДДРЖУВАЊЕ НА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ.
Тоа вети, тоа и ќе го исполни. Се друго е лоша ноќна мора на Тричковски, Кабранов, Борјан Јовановски, Героски, Орданоски… Тие, кој не само навечер ами и попладне кога на кратко дремнуваат го сонуваат Грујота, кога ќе се разбудат од кошмарот перницата им е влажна. На некого од пот, на повеќемината од нив од лига. Се излигавиле и избербатиле сонувајки дека Гревски ќе абдицира. Лош сон, уште полоша реалност за нив.
Груевски во Пржино летоска потпишал нешто што е непопуларно. Свесен е, знае. Но, од збор е и ќе се држи до ветеното. Нема лажи – нема преваре.
Спротивно, Заев ниту потпис, ниту збор, ниту ветување мисли да почитува. Еднставно тоа е човек без морал, без образ, без карактер, без скрупули. Ноторен лажго.
Како што знаеме дека Груевски е човек од збор, така знаеме и дека Заев е лажовчина. Тоа, секако, и странците го знаат.
————————————————————
Груевски ќе си стои на зборот, Груевски ќе ги чека изборите во април.
За оние што се будат со мокра перница важно е да знаат дека Груевски не ја изгради Македонија во овие 10 години, не го разубави Скопје, не донесе возови, автобуси, автопати, субвенции за да се повлече.
Доколку нема избори – нема Пржино. Доколку нема Пржино, нема Оливер, Ременска, Наумов, нема Катица Јанева, нема домашен притвор за Верушевски, нема попуштање. Затоа избори ќе има.
Во овие денови Бејли, Орав, Гарет и слични се повикани дома. Малку да слават Божик, малку повеќе да бидат рибани и влечени за уши од своите шефови во ЦИА, МИ5/6, Стејт департмент, Форин офис, ЕУ. Планот “Црпко на власт“ не им проаѓа. Народот МАКЕДОНСКИ не ги игра. Ги презира, ги чита како буквари, ги исмева.
———————————————————–
Доколку нема избори, нема ниту Пржино. Но ќе има улица. Улична демократија. Таа е опасна. Овдека во Скопје гореа возилата на меѓународните сили, гореше Американската амбасада, Американскиот амбасадор се посра (буквално) во гаки во атомската скривница… Овдека во Скопје го тепаа Љубе Бошкоски, му го скршија Мерцедесот, му се испосраа (буквално) во кабинетот на Трајковски, го искршија Собранието… Овдека во Скопје, во Македонија.
Нема избори, нема Пржино, ама има улица.
До овој момент Никола Груевски, Сашо Мијалков, Јохан Тарчуловски успеваат некако анти-американскиот, анти-сдсмовскиот и анти-соросоидниот гнев на народните маси да го контролираат. Но, они не се супермени па тоа да го прават вечно. Народ е чудна направија.
Народот ќе му ги исправ очите на зрикавиот, ќе му даде да пуши се и сешто на оној што дува на полноќ… Народот ќе му покаже на оној што сака да ја руши терасата, со француски клуч да го расшрафи Царот од Плоштад… Народот на секого ќе му го дотера паметот. И на странец и на наш.
——————————————————
Никола Груевски рече дека трпението му е на крај. Мирка Велиновска напиша дека трпението на народот одамна му е изминато.
Оној што сака конфликт, бидејки на избори знае дека ќе загуби, ич да си нема илузии каков ќе биде резултатот од тој “судир“. Не меѓуетнички, ами меѓупартиски.
——————————————————–
САД инсистираа во Сирија да има уште едни избори (ги имаше пред година-и-пол). Сега се пишманија откако видоа дека Асад пак ќе победи.
Во Македонија е исто.
Во Сирија народот надвладеа. Во Македонија исто.
Еднаш пишав, сега ќе повторам: Благодарете му на Господа вие од опозиционата булумента што Никола Груевски е на чело на позицијата. Да е друг, досега и зрикавиот право ќе гледаше.
М.Неделковски