Чаршавски од Будимпешта

Чаршавски од Будимпешта
И  вчера, повторно истата процедура и навика!
Повторно предолг, пренепотребен и недочитлив текст на избеганиот поранешен премиер на Република Македонија, Никола Груевски!
Со еден од ретките преостанати новинари од Македонија, Бобан Нинковиќ, кога Груевски се распостила со текстови што ниту еден од илјадниците лајкувачи не го чита (а не може ниту да го раскаже), велиме дека повторно “пишувал Чаршавски“.
Чаршавски е лик од фудбалот, нема врска ниту со политика ниту со Груевски, ама презимето ни е ептен погодено (како поранешни спортски новинари) како асоцијација на чаршафите на фејсбук страницата на поранешниот лидер на ВМРО
ДПМНЕ. “Чаршаф“ како поим во новинарството и учењето на новинарскиот и пишувачкиот занает си има свое круцијално значење. Односно,оној кој не може да напише скоцкано, јасно, не долго, пишува “чаршафи“ и е цел на подсмев од
колегите новинари/пишувачи.
Вчера Груевски осамна со уште еден чаршаф, овој пат за пописот што е сега
актуелен.
Чудно, за разлика кога наводно беше запрашан за коментар за “Шејшели“ па
брзаше на состанок, не дигаше телефон и слично…, овој пат нашол време да
распостеле чаршаф.
Како што пред три недели имав колумна со наслов “Последниот што може да
кажува за ВМРО ДПМНЕ“ посветена на националниот и партиски предавник
Никола Нино Тодоров, така и оовдека стои констатацијата за Груевски дека
Последниот што може да кажува за пописот е токму Никола!
Зошто?
Затоа што со апсолутна власт која ја имаше во државава во 2011-та, пописот кој требаше да биде во април, па се пролонгира за октомври, Никола Груевски не успеа да го организира и спроведе!!! Имаше мнозинство во Парламентот, имаше Претседател на држава, имаше Претседател на Парламент, министер за внатрешни, правда, социјала, финансии…, судиите што сега му се увлечени во гаќите на Заев тогаш беа во неговите гаќи, имаше медиуми подржувачи (Канал 5 и
Сител, со иста стратегија како и судиите)… Имаше се’, ама попис не успеа да
направи!!! Причината беше заради “различна примена на методологијата“.
Зошто Никола Груевски не направи попис?
Има три можни одговори:
1. Никола Груевски бил неспособен.
2. Никола Груевски уцвикал (како и многу пати пред и потоа. Да посетам, при
секоја турбуленција, вклучително и 27-ми, тој по некоја чудесна случајност
не беше во Македонија. Избеган некаде на сигурно.)
3. Никола Груевски имал договор со Али Ахмети да не се одржи пописот и да
не се дознае вистинската бројка на албанците во Македонија која не
надминува 15%.
Прикаските од типот дека “спречил фалсификат“ се за негови наивни и
скроимноумни поддржувачи. Оти Шефот на Владата преку сите безбедносни и
правосудни институции морал да знае ако се спрема фалсификат. Морал да
превенира, да спречи и да казни. Нормално, доколку Гордана Јанкуловска, Сашо
Мијалков, Синиша Алексовски и останатите као-разузнавачи полутани што тој ги поставил на клучните безбедносни позиции во Републиката си ја вршелеработата.
Да спречи фалисфикат може сега ВМРО ДПМНЕ кога е во длабока опозиција.
Тогаш кога на власт беше ВМРО ДПМНЕ, односно Груевски, мораше да овозможи
попис со користење на сите алатки што државата ги нуди. Односно негова
работоа и должност беше да оневозможи злоупотреби и “различна примена на
методологијата“.
Па така, повелете бирајте која од погоренаведените три точки е најлогична.
Толку е текстов.
Не е чаршаф, туку е јастучница и тоа за малечка перница.
Пишувањето е наука. За пишување бара талент. Како што Фата не можела да
научи секс од гледање порно филмови а Мујо фудбал од гледање утакмици, така
и новинарство, пишување и фејсбук инфлуенсирање не се научува со читање на текстовите и гледање на видеата на Миленко.
Миленко Неделковски
Новинар
Македонија, 28.01.21