НАДГЛЕДУВАНИОТ ГЛЕДАЧ
Најголемото светско нафтено наоѓалиште во Саудиска Арабија како и она второто по големина во таа земја, горат, а сироти јеменци-хути се јавуваат божем доброволно како причинители.
САД, кои инаку не почитуваат договори од самите нив склепани, се закануваат со војна на Иран и постојано бараат причина да нападнат: како оваа со дроновските напади, заплена на танкери, нуклеранот договор.
Израел, чиј премиер е божем снимен од дрон од Хезболах, па исмеан поради тоа, па згора и преживеал неуспешен атентат пред некој ден, чија земја не е почитувач на резолуции на ООН, исто ко Косово, си објави дека ќе се шири територијално на западниот брег( а нели исплашени као ?).
Во Кина демонстранти отворено се закануваат со вмешување на “сериозната” Британија, за да се одбранеле од кинеските власти.
А Британија пак се мачи со Брегзит и покрај тоа што има моќ да се оттргне во миг од дувлото(ЕУ) кое сама го создаде за полесно да го контролира континетот, кој ете доведен е до колапс, токму поради послушноста кон политиките на Пентагон а водени од Сити.
Русија предупредува на можна светска војна, а не презема ништо подрастично од покажување мускули, веројатно поучена од минатото дека кога и да презела нешто драстично како логичен одговор на било која поголема светска неправда, тоа всушност било испровоцирано па раководено од англо-ционизмот, од предците на МОСАД и МИ-6, по што и покрај победите и крвните жртви, во “слобода” по војните, таа трокира и губи.
Па така, кој го прави сето тоа драги гледачи ?
Не,не. Не се ни храбри хути, ни умни иранци, ни срчани божји војници(во либан-хезболах), ни работливи хонг-конжани, ни победнички а внимателни руси, ама ни стритовски јенгелзи или хедонистички јенкија, ниту пак ортодоксни јевреи.
Сите настани кои се случуваат како провокација, дали во Кина, дали во Британија, Израел, со Иран, во С.Арабија, или кон Русија, мора да имаат прво внатрешен слогичен одзив – во самите држави да зајакне надзорот од државата врз населението, да се оправда надгледувањето на секој чекор, па и дома, до ниво на јавно и јасно погазување на демократијата, со образложение–заштита на народот и “нашиот” начин на живот од надворешните зли сили, кај сите.
За оние кои пратат малку подолго што се случува во светот, ова е видливо од 9/11, но сега веќе и под кожа влегува, за некои ретки умови, однапред познато, па ставено во книжуле како “Светлина на другите дни” на Бакстер/Кларк или “1984” на Орвел или уште понапред во “Ние”(квадратен корен од минус еден) на Замјатин или во вид на холивудски приказни кои служат како масовна психолошка подготовка за светот кој следува, за да се има илузија дека изборот за живот под туѓа лупа е од самиот учесник-надгледуваниот гледач. На тој начин, помогнат со многу реклами, повторувачки вести, постојана работа и без време да се прочепка малку повеќе а во услови на мноштво гаџети за поврзување, без да се размисли, изразговара, кога се лапа кредитното ропство за печења на камен покрај вода како моментален спас од таквиот живот, при мноштво секакви сознанија а немање време сето тоа да се систематизира, анализира, ниту можност да се опфати, гледачот “бира сам” да биде гледач онака како му се налага, и секогаш на прва да реагира ако му се надразнети ниските страсти(секс, храна, облека, кола,.) и високите чувства(семејство, народ, вера, држава..) или да го повторува она што најчесто му се послужува пред очи, па ако и тогаш е незадоволен едноставно да си каже: па што сака нека биде, “само рата да не буде”, послушен ќе бидам.
“Стравот за преживување е основен, а кој и да нуди- не таласај-, непријател.” Хм ? Погрешно. Многу.
Друго чаре, освен втерувње и владеење преку страв, за светскиот естаблишмент во предвидливо заминување нема; а за нас има. Има премногу можности во непредвидливата иднина која повикува да биде исполнета со нашите заборавени исконски желби, само доколку не бараме причини зошто нема да успееме, туку наоѓаме постојано начини како можеме да достигниме врвици кои не сме ги ни сонувале, и без страв, особено не наметнат од неолибералните елити.
Тие не се посакувани од своите народи, се почесто се отфрлаат нивните политики, а народите во моментов и не знаат што точно сакаат ( да бидат дел од НАТО или НАТО е злосторник–АфД мора да се одлучи, нели ?.. ЕУ е елџибити зафат или демохристијанска вредност, за ова Орбан мора да се одлучи ??), но знаат барем дека не сакаат повеќе да се плашат, владите немаат нова идеја, нова понуда, нова лага како да продолжат да владеат а да бидат избрани(колку толку барем 20-на%) од своите народи, губат на сите фронтови па дури и во ЕУ каде што токму поради тоа подготвуваат целосен хаос(во секоја држава властите служат за потсмев), за побарувањето за целосен надзор врз својот живот биде побаран од самиот народ, и тоа ќе биде оправдано, токму поради штетните мигрантски, ем санкциони, ем поданички, ем неолиберални политики кои истите тие елити ги наметнаа но и поради немањето автентичен одговор од народот кој не само кај нас, но и во Европа, нема реален глас во системот(во најдобар случај ехо како Лега напр), па надзорот колку и да е штетен, некако прифатлив, макар доаѓал и од најнеспособните европски политички дегенерици било кога.
Колку и да се трудеа, колку и луѓето да им одеа по памет и мнозинството сеуште го прави тоа- слободумно да станат робови, сепак нешто ирационално(како корен од минус еден напр) во човекот, индивидуалец-поединец нели како што налага либерализмот, не му дава мир на елитистот. Алатките, како Фејсбук, Вконтакте итн со кои мислеше полесно да владее, станаа оружје против самата елита. Преку нив секојдневно се пренесува И здравата складна мисла која недостасува се повеќе кај елитистичките измеќри, И она од што елитите се упрапани ако се дознае како факт доколку се влезе во системот и се открие тому преку нивните методи-сценарија , по што ќе немаат време за камелеонска транзиција кон новиот геополитички победник–Истокот.
А тоа е дека тие сакаат да се плашиме од војна, тие сакаат да бидеме тивки и да се сложуваме со пензиичка, работичка, кредитче па макар внучето било педерче, синчето педофилче, ќерката криминалец (општеството е такво нели).
Тие не можат ништо да наметнат ако тоа не се прифати од народот.
Тие не можат ништо без учество на гледачот.
Да можеа, немаше да ги измислат и/или (зло)употребуваат филмовите, рекламите, вестите, книгите. Токму овие медиуми се нивното оружје и се што е во/на нив е поради нас, за ние да имаме некакво чувство, некаква мисла, некакв слика, за да правиме онака како што ни се прикажува во рамките на нивната понуда. Друга не потои. Инаку тоа се алатки кои и ние може да ги користиме за да се разбереме и си поттикнеме љубов, елан, сочувство, храброст, визија, да ги разобличиме нивните лаги и си градиме општество по свое.
Тие немаше да помислат да се закануваат и да заплашуваат, ако едностовано имаа моќ која не би доаѓала од нас(хиц?!?). Ќе не’ уништеа. Но кој ќе им работи тогаш, кој ќе ја тови нивната удобност верувајќи дека така ја остварува својата смисла а предодредена од нивното постоење само зошто така сме се навикнале ?.
Ние им требаме, тие нас не. Зарем е можно ?!? Да, во војните кои ги подготвуваат и се спремни да ги водат им требаме како храбри војници. Во војните кои ги подготвуваат а не се спремни да ги водат им требаме како кукавички послушници-робови, преплашени од можна војна и затоа послушни, се додека не им направиме машини-роботи кои би не потепале. Па можеби ќе ни текне после. Значи, Саудиска Арабија, една од најбогатите држави во свет не е можно да ги остави своите две најголеми наоѓалишта и рафинерии туку така без технолошки најнпредна заштита од напад од дрон. Ако таа не може да го надгледува својот простор тоа сигурно го прават Израел и САД како нејзини пријатели, но и постојани учесници во сите блискоисточни случувања последниве 50-на години, па дури и Кина која е најголем потрошувач на нафта би можела да има надзор над овие полиња доколку не сака да плаќа поскапа цена поради можното зголемување ради недостатокот на нафта. Од друга страна, САД имаат толку многу резерви кои во секој миг може да надополнат 5% ако не сакаат зголемување на цените. А и Русија која можеби може да изведе еден ваков невидлив напад, не би добила ништо,особено ако тоа е на штета на Кина која е најголем купувач на нафта. Дружбата би им се растурила.
Во секој случај колку и да е Саудиска Арабија недемократска, овој настан ќе овозможи оправдување на нејзинте власти за уште поголем надзор и забрани во нивната држава, до ниво на губење дел од сувереноста и ставање под око на САД и Израел кои како заштита би пратиле војски таму. Поради изгорените полиња длабоката држава во САД побрза да го обвини Иран, кој колку и да се правда, освен ако не ја напушти нуклеарната програма, ќе биде уште повеќе санкциониран со голема веројатност да биде нападнат од САД особено ако не покаже подготвеност дека може да се брани и да напаѓа непријателски објекти и војници-А тоа за среќа го изјави иранскиот министер за обрана–се што е англо-ционитичко на 2000 км дофат на иранските ракети е легитимна цел при напад. Во Иран загрозен од напад, надзорот врз населението ќе биде уште поголем, но истото веќе се случува и во САД, меѓудругото и поради воинствено одбранбениот став на Иран. Во исто време, божем случајно, Израел се проширува на Западниот брег и тоа пред изборите кои би требало Натенјаху да ги изгуби ако се оди по умот на дип-стејтот, бидејќи е поддржан од Трамп, но и поради наводните снимки на Хезболах кои порачуваат дека го имаат Биби на тацна. А во Израел без МОСАД или нејзина фракција не е можна ни помисла да се атентатира премиер. Токму овие случувања (снимките и обидот за атентат) му даваат за право на Израел(тајни служби, дип-стејт) да изврши уште подлабоко надгледување на своите граѓани но и да бара надзор врз држави по негов избор–инаку антисемит ќе бидеш прогласен ако се опираш. Ширењето на Израел на западниот брег па е чиста провокација за Иран и поголемиот дел од муслиманскиот свет во палестинското опкружување, и секако за Хезболах отворена покана да вршат напади врз Израел, можеби решителни. Тоа што во Хонг Конг, најотворено се повикува на британско вмешувње во решавањето на домашните кинески маки, ќе е одлично оправдување за кинеските власти да бидат уште потемелни во надзорот врз сите кинези, но и да преземат анти-британски мерки ако се утврди навистина британска врска во демонстрацииве, што ќе биде страотен удар за брегзит суверенистите кои сакаат-имат потреба од исклучително плодна соработка со Кина по разводот со ЕУ. Во Британија, каде што од една страна парламентот не ги почитува одлуките на своите избирачи(нешто познато нели ?!?), од друга страна истиот тој парламент најнесмасно се суспендира, што е несвојствено за едни фини енглези кои се главни цртачи на сите балкански и блискоисточни мапи(и маки) и граници, но и секогаш присутни на терен како советници, надзорот е одамна навлезен како начин на живот–кога една русофобна скрипал афера им помина без последици за МИ-6 ниту за било кој од целиот британско пропагнадно шпиунски систем, тоа општество нема спас веќе, за сега да е и со отворено погазена демократија и доколку не се рзболичат и совладаат на време англиските елити(поданици на дип-стејтот), може да останат ем без Кина, ем без трамповата помош, по што единствениот излез би била војна–по можност да не се мешаат појаки од нив или ако веќе тоа го прават да биде во согласност со нивниот план за транзиција(страв од војна па за да не биде–да да тие ќе се обидуваат да ја преземат мултиполарноста како иден факт, штом нивните ФЕД помогнат во уништувњето на доларот.)
И Русија која предупредува од војна поради запаленава нафта веќе ја води својата војна со успешниот отпор кон санкциите, со напуштање на доларот и отвореното покажување воена способност, но мора и дома да надгледува–многу шпиуни се откриваат и во Кремељ(хм случајно токму сега) Да, и покажувањето мускули е војна, но без крв, за да не дојде до многу крв. На тој кој заплашува, му се спротиставуваш со страшило кое никој не е сигурен дали кога, како ќе реагира.
И сега што е маката на елитава ако не им се плаши никој. Сите се доведени во состојба да било кој ако се повлече од позицијата значи дека изгубил, за елитите тоа ќе биде дефинитивен крај, а ако се обидат да ги остварат своите закани дека можеби и нема да преживеат доколку им се возврати со приближно иста мера. А ако пак се договорат на статус кво или тивко селење кон исток, кон победникот во било која варијанта, тогаш тоа нема да биде поради тоа што се опаметиле, туку поради тоа што ние(свтескиот слободумен народ кој ова го согледува) од пусти страв да не ја изгубиме удобноста која не’ заробува всушност, тоа сме го дозволиле. Да, и по можната светска војна, надзорот врз населнието ќе продолжи, ќе зајакнува од идните елити(можеби од некои од нас), токму поради војната. Но и сега, пред конечната разрешница надзорот се зајакнува токму поради можната светска војна. А чуму ќе им е зајакнат надзор ако сме небитни, ако нема моќ во нас, ако не зависат за нешто од нас. Чуму ќе им е надзор ако сме со љубовта, ако сме со Ѕе. И каква врска имаат вака набиениве настани со Македонија, покрај наведена можност, не на прва, како од далечина да се читаат секојдневни вести вон наративот на фашистичката неолиберала. Па секаква. Ако тие не’ плашат со војна доколку се одлучиме да си ја повратиме државата во свои раце, ќе им кажеме. АКО, нека биде и нека биде што пожестока. Ако тие предупредуват дека некои си таму мк националисти, суверенисти се занесувале, ние ќе кажеме ако, така треба.(ова “треба” ги збеснува зошто е нивна демагошка мантра преку која се избегнува одговорност ама се останува паметен, a “може” ги плаши, зошто немаат надзор над можностите на ирационалниот човеков ум полн љубов и мечти со добри желби како за себе така и за другиот) Ако тие ни велат ова е право, ние ќе одиме криво. Ако тие се безбедни со нашата заскараност, разочароност, малодушност, со нашата вонсистемска дејност, која сепак на 30.9.18 се покажа блескава, ние ќе ги изненадиме со нашата одлучност да ја напуштиме таа патека на која тие се надеваат дека ќе чекориме сеуште, ќе влеземе во системот како победници или воопшто нема да бидеме дел од системот. Ние ќе кажаме кога е време да се има став, а кога не.
Ние ќе играме антисценарио–Они нас; сакате војна ?!?—нееее(овци)…погрешно ! ДА, САКАМЕ !…точно. Со овој пристап, многу поверојатно е да нема војна, а да има можност да се победи, отколку да се живее во страв од можна војна која никогаш не би се случила и така сигурно да се губи ( и приватност и органи). А и на нивните не им се гине за џабе. п.с. Оној што доаѓа на местото на Болтон, Куперман, пред 40 години се залагал за “прв нуклеарен удар”. Си пресметал човекот дека во тој случај 150 милиони руси(сите) би изгинале, а од НЕнеговите амери(Куперман е јуда) само 20 милиони. Тоа било чиста физика. Па сега мили мои гледачи, дали Трмап на овој начин ги изложува еден по еден сите мочурливи гадинки, ги исмева, а божем ја држи нивната позиција, се со цел да предизвика сериозна контрареакција на спротивните страни по што самиот обичен амер кој нејќе да гине ќе се побуни од евентуален воен зафат и така безбедно(без поголема војна) би се поразиле гадинкиве, или ги изложува само за да го забрза воениот судир по кој со драстично намелениот број на население многу полесно ќе се владее ?!?
п.п.с. Надзорот во сите можни случаи не ни гине, Но важно е ние да не го побараме, и да пружаме отпор онака како што е можно, како што е опишано во една од книгите погоре споменати.
Игор Цветковски
Ранковце, 15.09.19