Додека трае очајниот обид за консолидација на ФФМ, кога на сите ни пречат очајно лошите резултати на “А“ тимот, кога сите гледаме надеж во младите категории, кога основниот услов за фудбал БЕЗБЕДНОСТА ја нема на терените во Македонија – член на УО на ФФМ со член на Обединети за фудбалот биле во Џенова да го посетат Горан Пандев.
Таму, покрај билети за натпреварот што го играла ФК Џенова, тие двајца барале од Горан ДА НЕ ИГРА ЗА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА. Односно, и онака слабите резултати да се уште послаби, и на тој начин Обединети без пропишана и легитимна процедура (исто како и Заев и СДСМ) да го освојат ФФМ.
Членот на УО на ФФМ е Серафим Димовски. Членот на “Обединети“ е Мирсад Јонуз (оној што го фалсификуваше резултатот 0:7 во 0:5 против Србија).
Цане и Јонуз директно работеле против интересите на државата и националниот дух. Со Пандев на пример, на само две пријателски натпревари, се виде подруго лице на “А“ тимот. Тоа секако е далеку од добри резултати, ама да се оди во Џенова и да се бара и тој промил подобрување да го снема е одвратно.
Горан Пандев ги откачил овие двајца изроди.
Ова ќе резултира со бркање на Цане од УО на ФФМ на следниот состанк на УО, околу 10-ти овој месец. Но, по тоа од канцелариите на УО ќе следи и бркање на половина дузина вработени административци (поголемиот дел во роднинско-кумовски односи со “Обединети“ и блиски соработници на Климпар) кои се обвинети за фалсификување, фотокопирање и изнесување документи од архивата на ФФМ.
Покрај “Обединети“ уште една структура се обидува да влезе во ФФМ. За разлика од “Обединети“ таа е многу по дискретна, многу по способна и неискомпромитирана во фудбалот.
Тоа е претендентот за преземање на фотељата на Илчо Ѓорѓиоски, адвокатот од Скопје и сопственик на Работнички Драган Поповски Попе.
И Попе бил во Џенова, но не во друштво со Цане и Јонуз. Во Џенова, ама и низ Македонија Попе оди со “програма“ која вели “имам поддршка од врвот на ВМРО“! Ова е погрешен пристап кон остварувањето на своите амбиции на Попе. Погрешен и лажен. Попе лаже дека има политичка поддршка. Лаже дека од ВМРО го поддржуваат.
Со политички решенија на СИТЕ досегашни претседатели потонавме. Недозволиво би било и следниот, кога и да биде, Претседател пак да е наименуван со политички притисок.