Христијан Мицкоски, играчот на Зоран Заев

Христијан Мицкоски, играчот на Зоран Заев

Ем математички и ем прецизно, жал ми е ама морам да констатирам, дека пуленот на Никола Груевски и Сашо Мијалков, “новото лице“ на центар-кон-десно ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, е тимски играч! Да, тимски, во тимот на Зоран Заев.

Тоа е тим под комплетен патронат на Џес Бејли.

Овдека, на овие страници, пред оддржувањето на “конгресот“ во Валандово напишав дека Никола Груевски не смее да се повлече од позицијата прв човек на партијата. Заради Македонија, заради партијата, заради нас (народот) и заради себе. Од оваа мала историска дистанца, се гледа дека сум бил во право. ВМРО ДПМНЕ е сега анемична, скршена, ЛДП-лигава, ненародна партија. Партија без лидер и мотивација. За избор на наследник на Никола Груевски, сериозна партија требаше да направи серозни статутарни промени (за кои декларативно се залагаа и реформаторите и Мицкоски, ама статутот и начинот на изборот на партиски функционери си остана ист), сериозна дебата во секоја и најмала општинска организација и крајно да одат на надгласување кандидати што ќе ги предложи базата. Односно народот. А не да е кадровско решение на . Бејли.

Ништо од тоа немаше во Валандово, па резултатите од ова погубно решение на Груесвки и Мијалков е нивниот клон кој се однесува како во стаклараска радња слон.

Должен сум да ги потсетам пријателите од ВМРО ДПМНЕ на кои овој текст нема да им е мил, дека во предизборните денови ме отруја со пораки во инбокс и на сите можни комунакциски платформи да го поддржам Поповски, та други за Димовски, па по некој за Милошоски – ама никој од нив за Мицкоски. Пораките, нели, си ги чувам.

Неотповикливо е сознанието дека се‘ што досега направи Христијан Мицковски во содејство со своите потчинети Александар Николовски и Влатко Ѓорчев оди комплетно на воденицата на Зоран Заев. Договорт со Бугарија, законот за двојазичност, излези-влези во/од собранието, јавното согласување на Александар Николовски со потезите на владата на Зоран Заев, неприклучувањето кон народот и народните протести (27-ми Февруари и 14-ти март), менување на матичната црвено-жолта боја со сдсмовски сината, игнорирање на вмровски кадри во корист на кариерсти од ЛП и ЛДП, заборавањето на патриотите во Шутка, и последново одење на клање ко свињи у кланица, односно барање изгласување недоверба на владата на Зоран Заев – се потези што единствено му одговараат на муртинецот, а преку него на сатрапите амбасадорски од американската и британската амбасада во Скопје.

Христјан Мицкоски, сега е веќе сосема математички прецизно и јасно е најслабото, уште попрецизно, најочајното кадровско решение што можеше да биде изнедрено од кујната на двата братучеда. Зошто? Па затоа што во неполни 6 месеца (пола година) Христијан Мицкоски ги доживеа двата најголеми и најпонижувачки порази во историјата на партијата: пототпот на локалните избори од 15-ти октомври и само 40-те бедни пратенички гласови вчера во Собранието. При првиот пораз како генерален секретар (спиритус мовенс на партијата), а при вчерашното фијаско како претседател на партијата. Значи, на чело на ВМРО ДПМНЕ, де јуре и де факто, се наоѓа докажан, де јуре и де факто, лузер.

 

После оваа негова експлицитна изјава и вечрашниот пораз и дебакл, не ми е јасно како и натаму ќе кореспондира со ФБ комплиметите “лидериште“ или “идниот премиер на РМ“. Човек што не знае колку луѓе (гласови) ќе му има парламентарниот состав при гласањето (па денеска еуфорично “триумфираше“ Центарот за комуниации давајки налог на членовите наместо да очајуваат за поразот, да слават што никој, а особено не Димовски, Милошоски и Велјановски не гласал воздржано) треба да е “идниот премиер“?!?!  Човек што не знае дека веќе не е 51 ами под 40, човек кој очекувал 7 души од ДУИ да гласаат во корист на ДПМНЕ… Крајно човек што кажа дека во среда вечер ЌЕ БИДЕ ИЗГЛАСАНА НЕДОВЕРБА на владата на Заев? И како сега, било кој, па дури и најверен член на партијата, а особено како некој неутрален, би гласал за човек што ниже порази еден по друг. И човек кој се што направи е декларатвно со “видео порака“ да соопшти нешта што го знаат и децата во градинките и домакинките покрај шпоретите. И човек што во 6 месеци еднаш не го поведе разгневениот народ за да ја сруши оваа власт.

Сега една мала дигресија. Пред многу години кога со Фудбалскиот сојуз владееше Ѕинго, во фудбалот дивееше Рафет а диригираше Џаро, требаше некаде доцна есен да се игра натпрвар на Слога Југомагнат и Вардар на Чаир. Нешто што како термин не и одговараше на Слога, ама како натпреварувачки календар си беше закажано. Натпреварот сепак беше одложен, и тоа два месеци порано, откако комесарот за натпревари (Боро Цеков – прв од десно, на сликата од Ла Валета) кој беше продолжена рака на Ѕинго и Добре Иванов, соопшти (на Џаро режија) дека на тој-и-тој ден за два месеци од тогаш, Скопје ќе го зафати невреме, снегови, дождови, ветришта, па натпрварот не може да се игра.

No automatic alt text available.

Е, “закажувањето“ на протест два месеци однапред на Мицкоски (за овој мај), неодоливо ме потсети на Џаро.

Инаку тој ден што Џаро го прогласи за кијамет, беше нај сончевиот и најтопол ден во таа рана зима (22-ри декември) во Скопје.

Една од работите што падна во очи од вчерашната сапунска собраниска опера е што безмалку секој говорник од страната на владеачкото мнозинство се закануваше со “че си лежите“ до пратениците и “че си лежи“ до Никола Груевски. Безобразно, надмено, вулгарно, простачки – но, пермаентни беа заканите. Плус и иссмевањето дека “ви го нема веќе најголемото оружје, национализмот“.

Што ова кажува? Кажува дека целата оваа шарада со Христијан Мицкоски е дел од еден голем договор, договор на штета на националните интереси на нашата држава и народ. Тој договор, што очигледно е скован пред неколку години, сега финишира со промена на името, губење на јазикот и историјата и давањето на власта во рацете на шиптарите. Тој договор, исто така, подразбира партијата да се откаже од фундаменталните национални вредности а бившите највискои партиски челници Груевски, Мијалков, Јанкуловска, Котевски, Пешевски, Јанакиевски, Камчевска, Божинвски, Протоѓер…, да не бидат пресудени со затворски казни. И покрај што тој прогон од СЈО е политички а не криминален, “тимот“ на Груевски се реши да се брани како да се криминалци а не политички прогонувани и обесправени луѓе. За да бидат конструктивни, постојано ќе бидат потсетувани, како и вчера, дека “че си лежат“. А за да бидат јавно понижувани пред народот, постојано ќе бидат иссмевани дека не се веќе националисти и патриоти.

За да не биде дека само пишувам што било, како и секој генерал што е после битката најпаметен, ќе останам доследен на давање проценки што ќе биде и што ќе се случи. Историјата на моите текстови, кои можете да си ги прочитате овдека, кажуваат дека постојано моите претпоставки или совети го положуваат тестот на времето.

Па така, убеден сум дека ВМРО ДПМНЕ без комплетен ресет, оној што ќе се случи при следниот поразн на парламентарните избори (чудно, никој од ДПМНЕ не бара вонредни избори, исто како СДСМ на времето!!!), без доживување катарза, а со самото тоа чистење на редовите од луѓе што појма немаат што значат 4-те свети букви – нема да може да победи на избори. Со Христијан Мицкоски – ич.

Следниот потег, ќе е барање ново седиште, можеби баш и во Палома Бјанка кај нивниот доскорешен лидер. Оти, и покрај тоа што долгот кон Комерцијална банка на Хари Костов е репрограмин (не е вратен значи, само пролонгиран), што Мицкоски го смета за дострел како актуелен лидер, ВМРО ДПМНЕ ќе проба “мермерната зграда“ да ја продаде и од тој финасиски баласт (но и националистички баласт) да се ослободи. Ова, ако ништо друго е стратегијата и еден од условите на Митко Јанчев Кожувчанка за сеуште да е во потпреседателската фотеља на партијата.

Па така, после многу курчење, ќе мора да дојде до комплетно раскурчување.

Синоќешнто јавно раскурчување беше нагледна школа како тоа е и како и натаму ќе биде.

 

 

М. Неделковски

12.04.2018  – Чичевски манастир, црква Св. Арх. Михаил