ХАН vs БЕЈЛИ

Уште кога видов дека во сокачето кај резиденцијата, во НЕЗАВИСНА република Македонија, странските дипломати можат да дојдат со аутото до влезната врата, а македонските политичари мораат да прошетаат пешки по уличките (вклучително и Премиерот), ми беше јасно како пржинскиот самит ќе заврши.

Понижувањто од страна на ЕУ и Орав како домакини, нашите лидери го голтнаа без да се двоумат. Не почитувањето на нашите институции (Премиер, на пример) Орав го покажа на дело.

За Орав и неговиот бугарски циган својот став сум го пишал (единствено јас) јавно и транспарентно (многумина ми кажале, знаеш вистина е тоа за Орав и бугарот. Ама само Миленко има ташаци да го каже тоа нешто). Досега било така, ама и од сега ќе биде. Понижувањето што му го приреди на мојот Премиер ми го прави Орав вечен непријател. Без разлика што на кратко продолжениот мандат во Македонија му завршува на пролет. Па така, нема потреба од “институциите на системот“ да ми се јавуваат да бидам по тивок, по нежен, по “спуштен“, по внимателен. Ако “институциите“ не сакаат да го бранат Премиерот (не Груевски, ами институцијата Премиер), тогаш ја како граѓанин имам апсолутно право на тоа.

Покажувањето кој-е-кој на територијава сеуште наречена Република Македонија, не е понижување само на Груевски, Ставревски, Ахмети или Тачи. Тоа е понижување до СУВЕРЕНОТ на оваа држава – МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.

А, ШТО СЕ СЛУЧИЛО ВНАТРЕ?

Сите (колеги) знаат, никој не пишува?! Не сакаат да ја загубат 10 годишната визитор виза за во САД.

Кратко и јасно: Внатре Хан бил за избори на 24-ти, со или без СДСМ. Бејли бил против избори, односно бил на страната на криминалецот црпнат од Муртино.

Хан бил  рационален, соочен со пролетта и цунамито од бегалци што ќе профучи низ Македонија во правец на Немачка (каде има имачка), Скандинавија, Бенелукс, Француска… Нему му треба стабилна држава со капацитетен премиер каков што е Груевски. Не му треба работа со абдал.

Бејли бил со став тотално различен од оној што бил на состанокот во Вашингтон помеѓу Груевски и Бајден. Таму зборел едно, во Пржино сосема спротивно. Не е дека јас, Мирка и Дарко не предупредивме на овој манипулатор, истрениран службеник на ЦИА, задолжен за креирање немири и нестабилности.

А, ШТО СЕ СЛУЧУВА СЕГА?

Сега, трите партии (ВМРО, ДУИ и ДПА) се за избори. Ама, секогаш има некое ама! (Значи) Ама, ВМРО не сака да го налути стратешкиот партнер, а ДУИ и ДПА не сакаат да си го налутат главниот спонзор и поддржувач – САД.

Затоа, договорено е албанските партии да добијат ден-два (денеска и понеделник) за да можат да го променат ставот на Бејли. Но, не да го убедуваат него, ами да го известат Стејт Департментот, за да знаат на што се.

И, ШТО ЌЕ БИДЕ?

Ќе биде народ по улици, тоа ќе биде. Ќе биде криење во подземното атомско склониште и мочање у гаки од страв – тоа ќе биде.

ПС
А бе, државава има ли Претседател?
Советниците за спољна политика, магистерот Ивица Боцевски и докторот Дарко Костадиновски зошто се на трошок на народот? Од што се многу лепи, не ќе да е! Имаат ли став? Или без став најлесно се напредува и најдолго се опстанува на сметка на граѓанинот?