Фашизмот и медиумите

Фашизмот и медиумите

Ние сме поробени. Од фашистички окупатор. Се‘ функционира сходно на таа окупација. И медиумите, меѓу другото.

Има една работа во врска со медиумите која проаша поприлично невидливо, а ги покажува сите атрибути на фашистички режим!

Погледнете ги меин стрим телевизиите, национали концесионери. Погледнете ги порталите и оние про-СДС и оние про-ВМРО-ДПМНЕ. Погледнете го единствениот неделник, погледнете ги интернет телевизиите.

На нив со месеци, ако не и со години, не гостува ниту еден странец. Не говорам за политичари што доаѓаат да ја обележат/измочаат покорената територија, ами говорам за новинари, професори, интелектуалци, аналитичари… Нема ниту еден.

Во тие странци не може да се смета Џејсон Мико, оти тој е “наш“. Ниту пак, за италијански рамки маргиналецот, Гајсер од Ла Верита. Бомбите му се дадени од овде, во Италија нема никаков имапкт фактор, има Југословенски корени.

Неприсуството на релевантни странци на нашите медиуми прави да сме сите во Македонија изолирани без можност да чуме релевантна мисла за нас и нашата татковина.

Фашизмот во Македонија не има ставено во стаклено ѕвоно и ни дозира информации што тие сметаат дека треба да ги чуеме, а не информации што ги заслужува секој слободен човек на планетава.

Причини за оваа одвратна медиумска состојба има повеќе, но главни се две: 1. Неспособноста на новинарите; и 2. Забраната што медиумите ја добиваат од амбасадата на Кале и од онаа на Жохар кај бивша Мала станица.

Точката 2 е многу јасна. и САД и ЕУ амбасадата имаат стриктна забрана за појавување на било каква слободарска мисла на нашите медиуми, пред се мејнстрим телевизии. Сходно на тоа имаат забрана да ги ангажираат авторите на најгледаните емисии Ефтов, Миленко, Томиќ…, пишувачите на највлијателните колумни Мирка, Науновски…, и да ги емитуваат супервлијателните емисии со дводецениска традиција и континуитет “Миленко Неделковски Шоу“, “Во центар“, “Јади бурек“, “Гласот на народот“…, да го вратат да води дневник најдобриот во тој сегмент Латас.

Точката 1 е исто така страшна и поразителна во својата суштина. Сегашните уредници или директори се исклучиво наслонети на партиски и полициски брифирања, бидејки од таму се и финасирани: Цаци од Сител, Иван С. Мирчевски и Горан Михајловски од Канал 5, Коровешовска од Алфа, Саки Кировски и Лупевска од Телма и сите комплет од МТВ.  Во иста ситуација се и уредниците и сопствениците на њуз порталите. Во став “мирно“ се кога звони владата или палатата, кога звони МВР, Будимпешта или Рада скубаната.

Сите тие, градејки ја кариерата исклучиво на партиско-полициски дојави и брифинзи, не успеале да се издигнат над партиско-полициската соработничка роља што им била дадена уште од моментот кога биле планирани за уредници или сопственици на портали.

Од останатите: Томиќ кој знаеше со упорност до ниво на вирус да добие телефонски и скајп интервјуа од релевантни странци е тотално збришан од медиумската сцена. Јанко Илковски ниту кога бил во најгледаниот медиум Сител го немал тој капацитет. А проблемот на Васко Ефтов со невладеење на странски јазик, односно само со комуницирање на српски, го сведува на Београд-Загреб-Кристијан-Голубовиќ новинарство потпрено на сценарија на старите југословенски безбедносни служби.

Глупо е и самбендисано што морам во набројувањево да го ставам и своето име, но единснтвен кој во последниве 15 години, а и во последниве 2 кога по наредба на амбасадата на САД сум тргнат од телевизиските екрани, но сепак редовно продуцирам емисии, кој во македонскиот медиумски и фашистички мрак донесува слободна светска мисла е Миленко Неделковски во неговото шоу.

Тоа е премалку и преретко. Но, со судни маки бар го има.

Тешко дека можам да се сетам на сите странски гости што сум ви ги понудил за гледање и слушање, ама еве некои од нив:

  • Даниеле Генсер, најмладиот доктор на науки во Швајцарија и човек со неколку дузина книги, милионски тиражи и преводи на 40-тина јазика.
  • Џон Лахланд, докторирал на Оксфорд, предава на Сорбона.
  • Тиери Маисон, највлијателниот и најпознатиот европски дисидент.
  • Матеуш Пискорски, најпознатиот полски дисидент.
  • Алфредо Халифе Рахме, нобеловец од Мексико.
  • Џузепе Киеза, новинар и сопственик на најгледаната веб телевизија во Италија.
  • Ели Хатем, адвокат на синовите на Гадафи, кандидат за градоначалник на Париз.
  • Жан Мари Ле Пен, најдолговечниот француски политичар, основач и долгогодишен претседател на партијата Фрион Национал на Мари Ле пен.
  • Александар Дугин, личниот советник на Владимир Путин.
  • Харолд Кочи, поранешен амбасадор на Австрија во Македонија.
  • Џузепе Закарија, долгогодише наовинар на Ил Месаџеро и на Ла Газета.
  • Пол Белмондо, син на Жан Пол Белмондо.
  • Падре Флоренс, католички свештеник со служби на латински јазик.
  • Матијаш Ерне, најпознат адвокат за човекови права од Швајцарија.
  • Леонид Пашченик, Претеседател на Народната република Луганск.
  • Мирослав Додик, Претседател на Република Српска.
  • Александар Ревазишвили, грузијски снајперист на Мајдан во Киев, Украина.
  • Мишел Вотро, најпознатиот француски фудбалски судија на сите времиња.

Јас, за разлика од СИТЕ други во Македонија, и покрај тоа што немам емисии на главните телевизии, што немам партиски или полициски финасии, што немам поткрепа од никого – и натаму ќе донесувам во Македонскиот медиумски етер интервјуа со странци, за да може секој гледач да добие слика за она што се случува во светот и за тоа како светот гледа на нас.

Фашистичката окупација  и режим ќе паднат кога ќе се ослободат медиумите. За жал, во нив работат партиско-полициски кклиенти.

Да Живее Слободна Македонија.

 

Миленко Неделковски

23/02/20