Фашизмот и Александар НИКОЛОВСКИ

Фашизмот и Александар НИКОЛОВСКИ

Бидејки толку кроткоебно Александар Николовски му се извини на фашистот Борјан Јовановски во рамките на неговата емисија и тв-портал, ме интересира:

ДАЛИ АЛЕКСАНДАР НИКОЛОВСКИ ГИ ДЕЛИ ВРЕДНОСТИТЕ ШТО ГИ ИМА И СПОДЕЛУВА ФАШИСТОТ БОРЈАН ЈОВАНОВСКИ?

Александар Николовски дали има исто милење за Игор Дурловски, на пример?!

 

Ако не, тогаш дали Александар Николовски очекува некаде овој фашист Борјан Јовановски, исто така, јавно на медиум да се извини. На Маедонската јавност и на семејството Дурловски?

Ако не реагира, а засега не реагира Николовски на овој фашизам, тогаш вредно е да се помисли дека “центар-десна“ политичката опција, што ја има заробено некогаш патриотската ВМРО ДПМНЕ, сега го одобрува европскиот, евро-атлантскиот и домашниот фашизам.

 

И бидејки нели А. Николовски е некаков неформален шаф на дипломатијата на партијата, заедно со Влатко Ѓорчев и Тимчо Муцунски (заедно се на пат кон САД каде ќе ги примат “многу високо“), најдоа ли за сходно писмено, со соопштение, со допис до Брисел, Атина, сестринските партии во ЕПП, Хелсиншки и до јавноста да реагираат на фашизмот во главниот град на Бившата Македонска провнција Елада?

Реагираа ли на морбидниов фашизам од сликава?

Побараа ли одговорност, осуда, критика?!?!?!

Да се појавам ли јас утре пред амбасадата на атињаните со костур? Како ќе реагира Хелсиншки, полиција, влада, “интелектуалци“, “медиуми“… Како ќе реагираат Мицковски и весело друштво?

 

Или за разстурените билатерални односи виновни се само дисидентите Мирка и Миленко во трио со Бобан Нонковиќ?

 

И кога сме веќе кај прашањата, остана неодговорено она од петокот на Виолета Петковска:

 

ВРО ДПНЕ ли ја доби таа гнасна задача од ЕФ (не ЕУ) Евро Фашистите?

За тоа ли се патува во Вашингтон и Брисел на почетоков од неделава?