Во оваа беамлаку 30-годишна Македонска епопеја, едно со сигурност е јасно. Кога е СДСМ на власт, кога се комуњарите на власт, без разлика кој им е лидер, на сцена е огромна пљачка на Македонија.
Уште од пчетокот на 90-тие СДСМ успеа да опљачка луѓе со помош на криминалната проватизација, кога од дузина службеничиња направи богаташи и олигарси. Возејки се во раздрндани кецови или голфови кец како Штерјо Наков, или градејки кариера на рецепционер како Доне Таневскаи, со помош на СДСМ и Бранко Црвенковски станаа мултимилионери пљачкајки ја државата и народот. Тоа материјално пљачкање, кога е во прашање СДСМ, секогаш оди рака под рака и со крадењето на идентитетот на овој народ. Па, паралелно со транзицијата беа украдени знамето и името.
Својот пљачкашки поход СДСМ го продолжи преку ТАТ и “Министерот во тренерки“, паралелно крадејки ја силата на Македонскиот гласач преку новата територијална поделба.
Натаму продолжуваат тенковски делови, ЕСМ и купишта други фирми.
Да не набројувам, оти ќе ми одземе многу странички.
Еве, значи и сега, се повторува истата слика. СДСМ е на власт две години, државата е испопљачкана од тедерите на Анѓушев, фондот за иновации на пејачката Ласкова, ректераите на БОки 13, Кирацовски и Ременски, граничните премини (на Ново Село си има утврдена тарифа по тон роба)… Без шајка да заковаат криминалниот министер Тевдовски со неговиот наследник во министерството за финасии Заев, ја задолжија државата повеќе милијарди евра. Во исто време предадоа (значи не прОдадоа, туку прЕдадоа) се што оваа држава имаше како наследство и историја, како иденитет: Јазик, територија, историја, наследство, светли ликови…
Велам, кога е СДСМ на власт тогаш државата се пљачка и уништува. И тоа во секој сегмент. Впрегнати се сите криминалци да крадат колку повеќе можат, како би се искомпензирале за лојалноста и криминалните активности околу гласачките кутии во корист на СДСМ. И тоа важи од најнискит до највисокиот ешалон.
Најнискиот, прашинарите, ешалон веќе две години ја пустоши Македонија со дивосеча. Националниот парк Јасен секојдневно е уништуван за дрвата да се продаваат на црно. Нормалано, со знаење и процент за управата на паркот. Демирхисарскиот дел е опустошен. Скопска Црна Гора одамна е карпест рид, наместо бујна шума. Се сече на ангро. И се продава. Мои извори од шумското стопанство од Велес кажуваат дека на сите 4 страни од шумите кои се под нивна надлежност криминалците сечат, а командирите на полицијата заедно со се началникот во Велес, како и комплетната шумска полиција има забрана дојдена од Скопје за гонење на дивосечачите. Дотаму е дојден башибозукт, што дивоисечената шума со возила без криње ја носат на продажба по околните гратчиња.
Сето она што МЗШВ на чело со Љупчо Димовски и Македонски шуми на чело со Караџовски направија со заштита на шумите, на дрвниот потенцијал, она што го направија со пошумување и проширување на шумските насади, за две години е уништено.
Нормално, ги нема соросовите платеници и гниди, таканаречените гушкачи на дрвата, да земат да гушкаат и низ Скопје каде Шилегов уништува и низ Македонија каде дивосечачката мафија владее.
На опозицијата еве и прашање кое може во пратенички прашања да го постоваи до Заев или министерот за Земјоделство. Колку успешни акции имала шумската полиција во последните 18 месеци? И каде се спроведени? Кој е процесуиран и осуден, што е запленето?
Во моментите кога “неговата екселенција“ изнадава се што е наше а не е негво, еве сега уште дабовите и буките по планините останаа.
Шумската полиција и МВР дреме. Пардон, не дреме, има наредба да дреме.
МН
за Дудинка
27.07.19