Трите “Шејшели“ опции на Никола Груевски

Трите “Шејшели“ опции на Никола Груевски

Не можам да се отргнам од впечатокот дека “Бомбата од Хотел Парк“, каде ручаат, оговараат, заговараат и мешетарат Зоран Заев и “Мали“ Верушевски коинцидира со:

  1. Големиот Христијански празник Богојавление,
  2. Судскиот процес против Сашо Бебо Мијалков  и Гордана Јанкуловска за прислушкувањето,
  3.  Посетата на Будимпешта (во склоп на турнејата која ги вклучува и Љубљана и Загреб) на Претседателот и Потпредседателот на ВМРО ДПМНЕ.

Дали е сето само случајност или е намерно, оставам на читателите да си ценат.

Она што сакам да го потенцирам е фактот дека главен лик во целиот повеќечасовен видео материјал е најмоќниот човек во државата во периодот кога е обавен и сниман разговоров – Никола Груевски. Без разлика што во тоа време веќе не е Премиер, тој е “премиерот“, бидејки не еднаш по телефон или со изјави, а секако и со дела, ги постројуваше сите свои министри, иако тие имаа друг премиер во тој момент – Емил Димитриев.

Премногу детали има во целата снимка. Но, да се задржам на три, за мене многу интересни:

  1. Сашо Шиптар Мијалков веќе бил договорен со Зоран Заев за се нешто, па така идниот премиер за Бебо се изразува во суперлативи. Да потсетам, во тој момент Бебо-Шиптар е сеуште најмоќната безбедносна фигура во ВМРО ДПМНЕ.
  2. Никола Груевски во снимката е наречен “мртов германец“.
  3. Се споменуваат хомосексуални баханалии на “Шејшели“ (веројатно се мисли на Сејшели…) во кој главен лик бил токму “мртвиов германец“!!!

Да потсетам дека во тоа време актуелна е шпекулацијата со наводни хомосексуални снимки од Халкидики, каде “локомотивата“ бил Илија Димовски, тогаш пратеник во Собранието на Република Македонија. Неспорно е дека од тогаш па наваму, кога неговите партиски колеги зборуваат за него, го именуваат како “педерчето“.

Сите нормални бевме згрозени од сексуалните склоности на “Војводата од Велес“, потоа и од истиот пристап кон половите односи на Павле спакувај-ми-полче Богоевски, преку слични склоности на СДСМ-овската “хомичус“ гарда: Никола Димитров, Костадин Костадиновски, Љупчо Николовски и Благој Бочварски па се до некој нови млади кадри во ВМРО ДПМНЕ со слични склоности а со татко висок полициски дужносник.

Но споменатите Шејшелски баханалии, со опис на генг-бенг со момци од друга раса, одеднаш ги замолкна сите подржувачи но и сите критизери на бегалецот во Пешта. Сите се стаписаа од можноста тоа нешто да е вистна. Бидејки, ако е вистина, подржувачите веќе нема да можат да се бават со замислата за неговиот месијански повраток и спас на Партијата и Македонија. Но, исто така, ако е тоа вистина, се рушат стратегиите на непријателите на Мицкоски за рушење на сегашниот претседател на Партијата а со постојано истакнување колку поранешниот лидер бил успешен и сакан од народот.

Во можната бисексуалност на Груевски до крајот на животот веруваше Никола Младенов. Таа работа се шушкаше, се вртеше низ кулоари – ама на виделина никогаш не излезе.

Да се разбереме, изворот на овој разговор Зоран Заев, човек велесветски лажов кој нема срам било што да излаже а со рачето да се држи за градите и девамариевски да трепка со очињата; снимачот и поттикнувачот “Малиот“ Верушевски, човек со дебело криминално досие и со потекло од фамилја на докажани полициски манипулатори, снимачи, уценувачи и препродавачи на информации на чело со татко му Зоран; и крајно сопственикот на снимениот материјал, имбецил и најпознат балкански медиумски рекетар Зоран Божиновски (да се потсетиме на неговите некрофилии во врска со Тоше Проески) – не дава за право човек да биде уверен дека Никола Груевски имал хомосексуални склоности за игранка со млади црни момчиња.

Но, реално, ова е толку одвратно, толку големо и толку неизбришливо што ако вака остане ќе значи дека е вистина.

Затоа, пред Никола Груевски во моментов постојат три опции:

  1. Да молчи и да не се појавува на Фејсбук со тема Шешјшели. Таквата тактика нема да ја стави во заборав оваа снимка, туку напротив ќе ја издигне на ниво на вистина.
  2. Да се огласи на Фејсбук и да каже нешто во стилот на неговата прес конференција од 30-ти јануари 2015-та,  „нешто е вистина, нешто е лага, а нешто полувистина“! Тоа баш би било соодветно на неговиот карактер.
  3. И, најсилно, да напише на својот Фејсбук дека НИШТО ОД ОВА НЕ Е ВИСТИНА, се е злонамера, дека се тоа квалификации за уништување на неговиот кредибилитет и дека повикува тој што има таква порно снимка веднаш да ја објави. Односно, ако не ја објави Заев и целата фамилија Верушевски стануваат обични селски пачаври (што реални и се). Но за ваков  храбар и машки настап има еден проблем?! Односно, што ако снимка сепак има?!

Објавувањето на оваа “Хотел Парк бомба“ кажува дека материјалите што ги имаше добиено Зоран Заев не си ниту 10% од целиот снимен материјал. Бомби има во посед на албанската и српската мафија, има во фиоките на бугарската мафијашка власт, има кај грците, кај Рикер, има и кај Мицкоски – има секаде. Тие се веќе распродадени. Нивната употреба ќе зависи од моментумот. Овој пат тоа е тужбата на Заев против Божиновски. Следната ќе е некој друг тригер.

Септичкава јама, која благодарејки на неспособни и корумпирани политичари од една страна и народ со кубурот во појас од другата страна, засмрдува. Корне, бзди…

За жал, таа реа ние ја вдишуваме секој ден.

Миленко Неделковски

на Богојавление 2021-ва

Скопје, 15.42 ч.