ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА

Многу пати во последниве ТВ сезони го повторувам ова. Оваа година веќе 3-ти, 4-ти пат велам: СВЕДОЦИ СМЕ НА ПОЧЕТОК НА НОВАТА СВЕТКА ВОЈНА.
Колку и да звучи мрачно… Колку и да не е убаво за слушање… Колку и да има луѓе со розови наочари… Сепак, според сите можни релевантни согледувања, ВОЈНАТА Е НА САМАТА ВРАТА.
Најтажно е што нема можност да се стопира – спречи. Притисокот се повеќе напиња. Како во некоја балон кога се пумпа воздух. Експлозијата е многу блиску.
Сите други размисли и убедувања се ЛИЦЕМЕРИЕ.
Војната нема да е меѓуконфесионална. Нема да биде корпорациска. Нема да биде за ресурси, или за вселената. Нема да биде за водата или за нафтата. ЌЕ БИДЕ ЗА СМАЛУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА ЖИТЕЛИ НА ОВАА ПЛАНЕТА.