ТРАС – ТРАС, Заев сите од правосудството ве поеба во гас

ТРАС - ТРАС, Заев сите од правосудството ве поеба во гас

Најголемиот срам на Македонија, уште од времето на Коте од Руља, секако е Зоран Заев. Заради многу причини. Ја срамУва држав‘та, не‘ срами сите нас со своето “знање“ на српски, хрвтски а одозгора-на-тога и на англиЈски. Неговата администрација ја срами државата со непознавање на знамињата, а тој самиот со абер немање која е Словенија а која Словачка. Рамна на него е лидерката на “Скопското крило“ Радмила Шекеринска, со нејзиното познавање  на Македонската “апликација“ на американските воени авиони.

Дунстери невидени.

Најголем срам секако се двојазичноста, преговорите со Бугарија и пред се Преспанскиот договор. Тоа се злосторства што не застаруваат, па со самото тоа когаш тогаш ќе им биде судено за национално предавство.

За комплетен уметнички дојам на идиотилакот муртински се погрижија последните снимки, Заев го милуваше зборот “бомби“, каде јасно се слуша како командувал со третата, кобајаги независна, судска власт. Знаејки го и неговото командување на истото така као незавиисната законодавна власт (парламент) преку купување и уценување на пратеници, шефот на извршната власт всушност се самодекларираше дека е фашистички тиранин што води апсолутистичка политика во држава која демократија не е, ами е калсична диктатура.

Тој е тоа зло.

Но она што мене ми остава впечаток е тоталното разгологазување на правосудството во целост. Од Врховен на Фаик Аслани, преку Апелација на Лидија Димчевска и Кривичен  на Иван Џолев, па преку судски совет со Киро Здравев и совет на обвинители на Ацо Колевски, се до државното јавно обвинителство на Јовевски и делот за организиран криминал на Рускоска.

Судиите и обвинителите станаа мега медиумски ѕвезди, ама не заради талент, карактер, морал, правичност или професионалност…, туку заради корумпираност, мешетарње, улизување, клиентелизам, исполнителност…

Она што со децении обичниот народ што се влечка по судови го чуствува и знае за обвинителите и судиите, дека се поткупливи и неморални гниди, еве го сега нивниот сегашен шеф Заев тоа јавно го кажува, а ние со помош на снимките го слушаме.

Тие, иако се повикувале дека судат “во име на народот“, суделе само во име на својата трансакциона сметка и напредок во кариерата.

Секој нормален човек би се самоубил при помислата дека Заев со нив си играл дрндупка, им наредувал, тие безпоговорно извршувале, фамилии затварале, човечки животи уништувале. Исти се, ако не и полоши од судиите и обвинителите што ги гонеле Ченто, Панко, Богдановски, Шишков.

Тие така надмено напувани со Луј Витон ташни, шешири, шарпи, обезбедување, кабинети, шофери – да ти биле обични шупелки што едвај дочекувале да им се јави Заев, или пред тоа Мијалков, за да може да го задоволат моменталниот шеф.

Во моментов пратениците од собраниските состави молчат, со исклучок на два-тројаца интелектуалците другите се мукла, МАНУ исто така, и крајно сите амбасади и амбасадор(к)и громогласно молчат околу достигнативе “реформи“ во судството, околу нивото на демократијата во иднта членка на НАТО, околу независностна на законодавната и судската од извршната власт!!!

Нарачките за затврање медиуми и апсење на новинари што ги обелодени Латас, како и нарачките за брзо процесуирање и затварање на Митовски од Инфомакс и на Миленко, излегоа на површина. Но, никој нема да се огласи?! Новинарски здруженија, некое тело за етика, приватното гранапче на вмровецот Зоран Трајчевски, криминалниот хелсиншки – било кој!!! Сите, мукла.

И, викаш демократија, а? Слобода на говор, а? “Во име на народот“, кобајаги, а?

Зоран Заев, виршлата од Муртино, ви се помоча на сите дипломи од правен, положени правосудни испити, години во правосудството… Ви се помоча и онака  си го истресе  на вас до последна капка.

Сваровски ли е Рускоска ли е судството, веќе не е важно. Ветинг ли треба или лустрација, и тоа не е важно. Потребно е комплетно чистење на сите, бркање од нивните работни места. И тоа по брза постапка, со указ. А потоа, за виновните судење за секое и најмало злодело.

Зоран Заев на снимките покажа како функцинира и судството и обвинителството. Трас – трас, и готово.

Познавам повеќе обвинители и судии, а тие сите мене ме знаат по лик и стас. Често, многу често седам во Ирски паб каде што проаѓаат тие гниди. Во очи не погледнуваат, само со наведната глава курот си го гледаат. А и тој им е како кога ќе влезеш во Треска во месец март.

 

Миленко Неделковски

24.02.2020

МАКЕДОНИЈА