ШТО ТРЕБАШЕ, А ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ
Со оглед на тоа дека од ВМРО не ги послушаа добронамерните совети и
продолжуваат да тераат инат и донесуваат тотално погрешни одлуки, кајмене исчезнува и последната трошка надеж дека ќе се спасиме од процесот на геноцид, започнат пред некоку години, преку одлука на силни светски и Балкански центри на моќ и претходна темелна теренска
подготовка, посебно на медиумскиот и т.н. нво сектор.
Зошто?
Прво, тоа што не ги послушаа советите на луѓе кои цел живот мислат на Македонија и знаат повеќе од нив – да не бидам пакосен, ама не може
некој што цел живот учел математатика и врвен дострел му се сентенци од Черчил и Кисинџер (?!), или некој што бил директор на јсп автобуси, да знае повеќе од група луѓе кои цел живот учеле политичка филозофија,
социологија, политикологија, правно-политички науки и сл. Е тие луѓе, императивно кажаа дека врз основа на реална анализа ВМРО мораше ултимативно да го услови одржувањето на претседателски избори со предвремени парламентарни. Клучниот аргумент кој не може да биде оспорен по ниту една основа, е дека во тоталитарен систем, заробена држава, партизирани институции, медиумски ждановизам односно
гебелсовска медиумска пропаганда, нема ниту минимум демократски
услови за избори. Во консултација и договор со други политички партии,
мораше да се испрати јасна и гласна порака и до меѓународната
заедница – пред се до САД и ЕУ кои реално имаат пресудна моќ врз
политичките ситуации во Македонија – дека избори без опозиција се недемократски односно дека тоа и не се избори, што е спротивно на сите
основни принципи на политиката во демократски држави. Не се
сомневам дека во тој случај дури и САД и ЕУ ќе извршеа притисок врз
СДСМ да се согласи на предвремени парламентарни избори во ист ден со претседателските.
Со Пржинска, техничка влада, во која согласно изборниот законик ќе
имаше неколку битни места во системот на институции под контрола на
опозицијата – пред се МВР, и одредби за медиумско балансирано информирање и присуство на опозицијата на ТВ, ќе имаше колку-толку шанси за фер и демократски изборен процес. Без тоа, на избори ќе се случува касапаана, а опозицијата ќе биде исклучена од можноста да биде присутна во институциите кои директно ги спроведуваат и контролираат изборите.
Бељата со оваа погрешна одлука е веќе направена, и за жал ова веќе е
иреверзибилен процес.
Второ, ако веќе имало некои непознати – иако тоа ми се чини
невозможно – аргументи во прилог на одлуката да учествуваат само на
претседателски избори, Војводи не се избираат на конкурс. Седнуваат
Комитите и врз основа на анализи за докажани херојства и способности, се договараат меѓу себе, со единствена цел која мора да ги надмине личните фантазии, копнежи, желби и валкани политички игри,
опортунистички дејства, фрустрации од детството. Освен тоа, имињата на кандидатите, со сета почит кон нив, не даваат воопшто надеж дека ќе успеат да победат, посебно не без пржинска, техничка влада, од најразлични причини поединечно за секој од нив, покрај општите.
Метафорично, во Балканскиот и Македонскиот котел полн со пирани, ако пуштиш аквариумска риба, може само да чекаш минути или денови кога ќе биде изедена, и ништо друго. Бесмислената поддршка на политиката
на САД во Венецуела, и уште понеразбирливото кандидирање, а според информациите и фаворизирање на постара дама која нема ама баш никаква врска со идеологијата на ВМРО и е непрепознатлива за Комитите, згора на тоа со мошне чудно, шарено друштво како поддршка
(една од нив го нарекуваше Јохан воен злосторник, ако сте заборавиле), ќе предизвика апатија кај најверното членство, кое нема да работи во теренската кампања со сета сила и енергија, по што поразот ќе биде, односно е, сосема сигурен факт.
Појавувањето на кандидат од Единствена Македонија, кој ако не ја добие номинацијата од ВМРО веројатно ќе настапи како нивен партиски кандидат (ќе собирале 10 000 потписи), ќе го раздели и онака
разделеното патриотско гласачко тело, и уште полошо, веќе ја направи одлуката за бојкот на изборите од страна на ВМРО (доколку не се
поврзани со предвремени парламентарни) практично невозможна. Затоа требало договор со другите опозициски партии, дури и во оваа варијанта, односно да имаат еден заеднички, консензуален кандидат за
Претседател.
Без силна и искрена медиумска и теренска поддршка за кандидатот на ВМРО, кој и да биде, сосема сигурно ќе изгуби од кандидатот на СДСМ и ДУИ. А таа поддршка нема да ја има, ниту од искусни и влијателни јавни
личности кои во минатото успешно парираа на моќната т.н. сорос
пропагандна машинерија и кои повикуваа(т) на бојкот само на
претседателски избори, ниту од најдокажаните и теренски влијателни македонски патриоти.
СДС и ДУИ, со сите ресурси на власта, од финансиски до
институционални, со сите механизми – од партиски вработувања до
контрола и доминација во медиумите, посебно влијателните Телевизии, итн., ќе победат. По што има индиции дека ќе ја зацврстат диктатурата и окупираат докрај сите сфери на животот, и по што, борбата ќе биде уште
потешка. Господ нека ни е напомош, Македонци!
П.С. Единствената придобивка за Македонскиот народ, ако е за некаква утеха, иако бесмислена и болна, ќе биде тоа што после големиот пораз на претседателските избори, новото раководство ќе мора да даде оставка
(таков бил принципот на одговорност во партијата, затоа и претходниот претседател поднел оставка иако, додуше, тој победи со 51 пратеник наспроти 49 на Сдс, но тоа е друга тема), по што да се надеваме дека ќе се избере ново раководство, кое ќе биде поумно и поспособно, и ќе ги
слуша учените .
Кисела насмевка е ова.
040.02.19 – Скопје