За Македонија ќе ми зборувате, за патриотизам? За херои, жртви, за ВМРО, за борба против режимот, за професионално работење? Јас сум член на Комисија за заштита од дискриминација, практично единствената државна институција која уште не е сменета односно партизирана од сдс, соросоидите и дуи. Професионално, кога ги анализирав вестите за Јане Ченто, ги замолив колегите за.јавна реакција бидејќи според мене има основа за сомнеж дека тој е жртва на расна и политичка дискриминација, и составив текст за да го испратиме до медиумите, да отвориме предмет и да му помогнеме колку можеме во рамки на нашите законски надлежности. Само еден колега пиша дека се согласува, другите молчат, еве 3 часа после интерниот меил; а мора да има минимум 4 гласа за, за да биде усвоена јавната реакција и да биде официјално испратена до медиумите. Колку за информација, 5 сме Македонци, 2 од албанското малцинство. Имаше случај кога за бурките во Охрид, јас гласав против, за десет минути се изгласа и се прати јавна реакција. А сега за Јане Ченто еве истите тие молчат. Ете, затоа немаме држава.
Т. Науновски
19.01.19
Скопје