Косово, Донјецк & Луганск.
👩⚖️👩⚖️🧑⚖️👨⚖️
Косово и Метохија (официјално име) е територија на Р.Србија која NATO алијансата ја освои и отцепи од Србија со воена интервенција, попрецизно освојувачка воена операција-бомбардирање и ракетирање на Југославија со 198 авиони, 1170 наведувачки проектили и забранети касетни бомби со осиромашен ураниум. Со директно учество на САД и 11 воено најразвиени земји во светот. Соодносот на силите на терен бил 250 :1. При оваа воена интервенција ( освојување на Косово) на СР Југославија и е направена материјална штета помеѓу 50-65 милијарди $. За 78 дневното бомбардирање убиени се 3500 цивили и 314 воени лица.
Десет години по военото завзимање на Косово ниту една држава не ја призна неговата самопрогласена независност. Признанијата почнаа да стигаат 2008-2009г, под силен притисок на САД.
За разлика од тоа регионите во Донбас, сега веќе признаени републики, самостојно се отцепија од Украина, народот организиран во месни милиции самиот ја бранеше територијата, на почетокот вооружен со ловечки пушки, 5 год борејќи се против стократно поброен и врвно вооружен непријател. Доброволно и самостојно народот побара независност и заштита од Русија.
Значи Русија не испали ниту една ракета, не полета еден авион и не уби ни еден украински цивил. Едноставно ја призна вољата на своите сонародници. 12 часа по признавањето од страна на Руската федерација републиките во Донјецк и Луганск ги признаа : Венецуела, Куба, Никарагва, Парагвај, Сирија, Осетија, Апхазија, Јемен и неколку меѓународно непризнаени земји : Северен Курдистан, Јужна Осетија, Палау, Тенгуа…
Со ова не сакам да кажувам и судам кој е во криво кој е во право…едноставно работите да бидат појасни. Украинскиот народ го сметам за еден од најблиските на македонскиот и сметам дека разликата помеѓу Русин и Украинец е таква како помеѓу браќа близнаци. Сочуствувам со трагедијата, и премрежијата низ кои поминуваат, но и свесен сум дека до ова беа доведени со низата обоени револуции и максимата #ИЗБОРОТЕЕДЕН.
Томче Ширков
22.02.22