Тиранската платформа-вклучена на најјако
Се сеќавате ли на времето кога ви кажував дека тиранската платформа е реална и сериозна опасност. Сериозна како епидемија на ебола. Која ќе се пренесува на другите соседи – балкански шовинисти и дека ќе се спроведува (шири) радикално , подржана од нашите стратешки партнери ЕУ и НАТО. Ако ние дозволиме , заразата ќе се шири и радикализира до исчезнување на Македонската држава и етноцид на Македонскиот народ. А тоа ќе помине така неприметно, заборавено од медиумите и општествениот дискурс како и да не се случува. Тогаш тоа не беше воопшто популарна тема и затоа сите ја избегнуваа и плукаа по мене. Не ми ги објавуваа колумните и видеата на темава. Преку ноќ станав “persona non grata” . Тогашните опозиционери и шарени-ЛГБТ активисти ме обвинуваа дека сум ширел паника, лажна тревога и произволни инсинуации. И дека всушност тиранската е во главите на небањатите, а јас сум радикално небањат и затоа не сум вреден за понатамошна елаборација. Тогашната позиција ме обвинуваше дека не постојат споменици на Балисти и Фашисти во Тетовско и Гостиварско и дека тие нема да дозволат никаква двојазичност, а камо ли двојазичност на цела територија на Р.Македонија. Прво се смееа, а подоцна тврдеа дека сум сензационалист, жеден за внимание. Дека само сакам да се качам на бината и ” да кажувам теории изцицани од прст”. Нејсе помина тоа, што велат во Муртино: ” Беде таа работа, излезе вонка пред народо”
Сега кога тиранската платформа е ноторен факт, 90% реализирана; Кога во Гостивар имаме грандиозен споменик на Џемо Хаса (фашист кој убил повеќе од 50 македонски партизани но и албански социјалисти, борци за слободна Македонија), сега веќе никој не ми се смее. Што е? Штосот веќе не е смешен или брзаме со реализација на ЕДНОЈАЗИЧНОСТА?
Внимавајте! Еднојазичноста е се почеста појава во центарот на Скопје. Сега веќе не разговараме за Отља или Боговиње. Еднојазичноста е се поприсутна во училишта и на новоизградени згради на само 2 км од строгиот центар на Скопје. И тоа никого не го тангира! Луѓето кои фрлаа шарени куртони и оние кои се колнеа во МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА сега оддеднаш не ги интересира ” политика”. Не занимаваат со изборен модел, со стратегијата за влез во ЕУ во 2035г. До тогаш ќе постои ли воопшто дивава федерација?
Туку ќе ми текне , до каде сме со ” Разговорите за обнова на Македонија” ? Вчера прочитав се разговарало со “граѓаните” на Ташмаруништа како ќе се обнови Северна Македонија???
Tомче Ширков
МАКЕДОНИЈА
14.11.19