Знам дека е непријатно сознание за “колегите“, ама во сите дејанија сум пред нив. Далеку, далеку напред. Еве на пример со тииииткањето сум понапред една година и некој месец.
Емисијата “Миленко Неделковски Шоу“ беше под директен фашизоиден атак повеќе од две-и-пол години. И никоја институција, организација или здружение не реагираше на замолкнувањето. Дури ни колегите не реагираа со чесен исклучок на Мирка, Дарко, Бобан и Јанко.
Со забранетите колумни во Вечер, купишта забранети емисии (една од тие овие денови на Јутјуб ќе емитувам), серија од титкања и дискриминаторски договори – сакале да признаете или не, ме издигнавте на ниво на Единствен жив дисидент во Македонија. И за тоа, фала ви многу.
Ми пишаа синојка пријатели дека Канал 5 ја Тииииткал емисијата на лукративниот неопреторијанец Васко Ефтов.
Тоа се случува на 10-тина месеци откако тој на својата екипа, после уште едно тиииткање на мојата емисија од страна на фашистите Иван Мирчевски, Зоран Трајчевски и семејството Стојменови, на своите соработници им кажал “Ако Миленко после ова не си отиде од Канал 5, стварно нема никаково достоинство“.
Е па Миленко од секогаш го красело достоинство. На пример, никогаш не менувал страни, како Ефтов на пример.
Миленко, меѓу другото, го краси и не-кариеризам, спротивно од Ефтов кој на пример се бореше да биде Генерален секретар на СДСШ.
И да, Миленко сам си замина од Канал 5. Миленко ги шупираше нацистите предводени од Мирчевски. Не беше избркан, како што пред неколку години беше како партал избркан Ефтов па со деновисе плачеше на А1 ТВ. Миленко замина, ама Миленко си обезбеди документација за навек да се знае делото на медиумските нацисти раководени од Џес Бејли: Иван Мирчевски, Зоран Трајчевски и семејството Стојменови.
Секако, на втората по гледаност (шер) телевизија во државава Канал 5 лесно е правење сопствен шер. И лесно е да се прави емисија кога емисиите на другите се забранувани, кратени, титкани…
Е сега, кога мечката влезе во и дворот на Ефтов, занимливо ќе биде да видиме каково достоинство тој има. Јас лично знам дека се работи за кретен без трошка достоинство, медиумски рекетар и насилник, исфрустриран поранешен хомосексуалец, но сепак ете емисијата дебело му била тиииииткана, па добро би било да го провериме јавно неговото достоинство. Оти Мирчесвки е слуга на Бејли од амбсадата од Кале. Он исполнува а не прашува. Ист беше кога работеше во МТВ и беше протеже на медиумскиот сатрап Гордана Стошиќ.
Значи, де да видиме околу достоинството. Бидејки околу тиииткањето дури и неговиот надриуредник од кабинетот на Иванов, извесниот разузнавач Синиша, нема да може да помогне.
Кога сме веќе кај апсолутната медиумска цензура во Република Македонија, вредно е да се пофалам дека на колеги кои ги ценам и на кои им верувам уште пред 4-5 години им реков дека сметам дека постепено ќе бидат задушени медиумите и новинарите. Ова, секако со цел да се протне промена на името на државата и набрзина и насила да не‘ внесат во НАТО.
Па, како што може да се види Латас е на продолжен одмор, Коле Чашуле е на продолжено боледување, Сеат Кочан е со лимитран простор на движење, плати доцнат во Нова Македонија, МПМ…
Капак, на Јанко Илковски му е забрането од сега натаму да “отвара“ телефони, да говори за политика и избори (исто ко есеноска мене), да говори за НАТО и ЕУ (исто, нели), за да викне гост треба да добие одобрение “од горе“… И така.
Очигледно е дека слободната информација и став ќе можат од сега натаму да се видат само на персоналните Јутјуб канали, на по некое порталче, на ФБ страничките – и, толку. Големите газди на големите телевизии се компромитирани до даска, што значи и корумпирани до даска. Ги има во “бомбите“ исто како што ги има владиците, членовите на албанските партии, членовите и раководствата на СДСМ, водечките бизнисмени, дипломатите… Сите тие се уценети. Кој со дрога, кој со деца, кој со пари, кој со сметки, кој со педерастија, кој со педофилија, кој со предавства – со сите пороци што моќта, парите и власта ги носат со себе…. И, еве сега сите во Македонија со исклучок на “Бриселската тројка“ + Дарко Јаневски – МОЛЧАТ.
Па така и се делиме на оние со достоинство и оне кои не знаат што е тоа.
Миленко Н.
22.05.2017
Скопје