ИЗБОРНИОТ МОЛК ЗАВРШИ
“Така му треба на Никола Груевски, кога се’ и сешто прибра покрај себе и кога ги почести со високи функции и привилегии“ – е најчестата реченица што овие денови е присутна во комуникациите меѓу (и со) луѓето загрижени за ситуацијата во ВМРО ДПМНЕ.
Дудинка и јас лично, се решивме за изборен молк, па еве денеска кога е јасно кој е и колку кандидати има за нов претседател на партијата, који и колку делегати има во Валандово – односно кога се е јасно, завршуваме со молкот и почнуваме со анализи, сугестии, пофалби, критики, предлози и видувања кои би требало да помогнат во консолидацијата на грогираниот џин.
СЕУШТЕ Е ПАРТИЈА
Прашањаето “Зошто ВМРО ДПМНЕ е темата, а не криминалната, фашистичка и бејлиевска структура на власт?“ брилијантно го одговори во својот последен пост Горазд Росоклија. Тој пишува: “Дискутираме за ВМРО бидејќи сеуште е партија или веруваме дека е. СДСМ е надвор од дискусија. Тие одамна не се партија. Во моментов имаме збирштина која ни е наметната како власт со задача која забрзано ја спроведуваат“.
Или, како што брилијантно би се изразила Мирка Велиновска: “СДСМ не е партија, тоа е дијагноза“.
ПОЛИТИЧКИ ШЉАМ
Собирањето на секаков политички шљам (Павле Трајанов, Лиле Поповска и сл.) што не носи гласачи, ами само троши државни позиции и ресурси, беше trade mark на премиерисувањето на Никола Груевски. Отпадници (Филип П.), превртачи (Ивица Б.), кловнови (Амди Б.), клиенти (Реформисти), кариеристи (Трајко В.), медиокритети (Борис и Емил С.) се накотија до бројка да вистинските и доблесни вмровци не можеа да припират ниту во видокругот на лидерот, а камо ли нешто да предложат, кажат, сработат. Таквите вмровци останаа на улица за да може шљамот да се добере до кабинет, фотеља, службен телефон, секретарица, шофер, кола…
Никогаш не се дозна колку гласа во сите изборни победи на Никола Груевски донесе полициски агент ко Павле Трајанов, на пример?! Не разбравме и колку гласа од ромите донесоа Амди Бајрам (а се знае колку бенефит има од ГТЦ) или оној директор што “управуваше“ со кризи и ер трактори. Исто важи и за гласовите на србите, македонците муслимани, бошњаците, турците, власите… Таква анализа и преглед никогаш немаше. Да се види кој и каков политички бенефит донел, за да може да учествува во менаџирањето на власта.
Лично, никогаш не разбрав, од кој дел од говорите на Амди Бајрам се воодушевува врвот на ВМРО ДПМНЕ? Тоа ли им беше нивото? Амди Бајрам?!
Не разбрав никогаш со што заслужи дипломиран филозоф ко Филип Петровски да е директор на несоодветна институција според образоваието (Лотарија, Архив…). Толку ли не му го проценија карактерот и дијагнозата за ова мало хитлерче?
Зошто воопшто го вклучуваа во своите редови Јанко Бачев, на пример?
Многу е интересно што токму такви, кои коалицирале со ВМРО ДПМНЕ во повеќе наврати, такви кои добивале директорски позиции и вработувале своја рода, тие сега играјки на кратката меморија на народот обвинуваат други дека биле “миленковци“ или дека добиваме инструкции од “центарот за информации“! Тие, де, кој од тој центар не излегуваа, а јас не ни знам каде е?!
Навистина кловновско е писанието на Филип Петровски каде го обвинува Спиро Ристевски со зборовите: “Спиро кој е шеф на организациски одбор, а верувам дека е ставен во тоа својство бидејќи беше претседател на републички изборен штаб, притоа да не зборувам како си помина на изборите“. Заборавајки дека пак тој самиот беше потпредседател на тој ист РИШ за локаните 2017-та.
Но, ете, такви во своето православно милосрдие прибираше Никола Груевски.
Среќа за ВМРО ДПМНЕ што такви кекеновци, филиповци, бачевци, реформаторци имаат плитка материца. Па своите цезаристички амбиции ги покажуваат веднаш кога имаат и најмала шанса да станат “Калиф уместо калифа“, односно покажуваат дека постојано си биле Изногуд (Is no good) при владетелот.
Исто така среќа е што иста таква материца има и императорот од скопското Кале, а башкам и време му понестасува, па во минута до дванаесет мораше да им ги презентира досиеата и видео снимките што ги има за Антонио, Трајко и Илија, па тие да мораат да прават очајнички обид за преврат.
Горазд Росоклија ќе констатора: “И сега од тој состав, кој бил послушнички и толерирал криминал треба да израсне лидер, а раководството е во рацете на оние што ги имаат материјалите од прислушкувањето?“.
ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА
Никола Груевски заминува овој викенд во историјата. Политичката историја. Убеден сум дека не заминува така како што сакаше и како што си замислуваше дека ќе биде.
Нема политичка фигура во две-и-пол илијадната истрија на Македонија која заминува од сцената толку извалкана. Праведно или неправедно ќе цени историјата, а не режимскиот суд на СДСМ. Но она што му се приредува на Никола Груевски во овој момент (толкукратно дневно појавување во суд, ќе роди потреба да има дисперзиран кабинет во катната гаража “Судска палата“, веднаш до канцеларијата на “Паркинзи на општина центар“), во ситуација кога црпнат лик од Муртино е рашшетуван и срдечно приман од сите европски и регонални политичари, е бламирање на отворена сцена. Овој пристап на “странските служби“ и домашните извршители од “сваровски судството“ (стварно, како судството сега?! Добро, а?) е наменет да го руинира секој дострел што го има постигнато Никола Груевски на економски, политички, образовен и историски план.
За жал, ВМРО ДПМНЕ подолго време нема капацитет, ама има и медиокритетски страв, да направи силна (екипа, тим…) која медиумски и правно ќе се спротистави на овој цунами што го потопува Никола Груевски и неговото дело.
Со заминувањето на Никола Груевски, заминува и последниот висок функционер на ВМРО ДПМНЕ кој беше опфатен со бомбите. Неговото заминување, значи заминување од функциите претеседатели на партиските комисии во рамките на партијата на сите што имаат бомби и се во кривичен прогон од нелегитимното и неуставно СЈО и од ЈО. https://vmro-dpmne.org.mk/partiski-komisii
За жал, заминуавњето на Груевски е неславно. Тоа сите малкумина новинари, аналитичари, тв водители, колумнисти што останаа да не се под капата на Бејли (СОРОС, УСаид…) се плашат да го кажат јавно.
Неславно заминува, дури би рекол и срамно.
ГОЛЕМИНАТА НА ПАРТИЈАТА
ВМРО ДПМНЕ, токму како и СДСМ (Али Ахмети се одушевува на Македонскиот народ кој е позициониран само во две партии, а не во половина дузина ко албанците), се многу поголеми од било кој лидер што заминува. Ниту ВМРО ДПМНЕ беше кутната од ВМРО НП (иако подоста НП-аши има сега во ДМПМНЕ) дури и со еден Љубчо Георгиевски и со неговиот исусхристовски аутфит. Нити пак СДСМ беше кутната од Бранко Црвенковски, Владо Бучковски или пак од НСДП на Тито Петковски.
ВМРО ДПМНЕ ќе ја премавне оваа тажна ситуација во која е влезена.
Кога?
Е тоа зависи од disclosure моментот. Од моментот на откривање или осознавање на историската улога што ВМРО ДПМНЕ ја има помеѓу Македонскиот народ.
Тој момент ќе дојде кога традиционалните вредности на партијата и општеството повторно ќе бидат приоритет на партијата. Не дружењето со дипломати и чиновници од западот, не со користење на протестанското лоби во САД, не со коленичење пред поголемиот и помоќниот. Не со сето тоа, туку со крстот, кандилото, библијата, камата, пиштолот и името Македонија како мотивирачка сила и приоритет.
Затоа, час поскоро треба да се отстранат од говорниците на протестите луѓе што “настапот“ го читаат од лист или смарт телефон (значи говорт не е нивен, туку на “центарот“). Ако не можат сами да се изразат и мисла да соопштат, нека не смараат.
Час поскоро треба да се отстрани Влатко Ѓорчев од истите говорници, оти неговите говори не се примаат кај народот.
Зошто?
Па затоа што неговиот настап пред притворското одделение во Шутка е терање инает (пишав дека треба да се отсрани инаетењето) и пред се некрофилија. Оти луѓето внатре се “внатре“ заради нивната акција која е суштински спротивна од онаа што ја имаше Влатко Ѓорчев на 27-ми април. Ѓорчев кој ги бранеше сегашните џелати на Игор, Борис, Владо, Горан и другите, не може сега да ги брани и жртвите на тие џелати. Тој “Др Џекил – Мр Хајд“ синдром мора да биде отстранет. Историјатот на подвоена личност на Ѓорчев влече корени од многу поодамна.
Од подвоената личност на Влатко Ѓорчев уште поопасен е неговиот (море и не е само негов) став кој пробува да го протне под сентенцата “Национално помирување“. Но не само Ѓорчев, ами и Никола Груевски во неколку наврати, на пример на 3-ти декември, повика дека “потребно е национално помирување“!!!
Сметам дека под плаштот на “национално помирување“ овие двајца политичари и нивните странски суфлери сакаат да протнат сеопшта амнестија. Амнестја за сите притворени заради 27-ми април, за сите албански монструми, за сите опфатени со бомбите – но, сето тоа со здолжително париско жанмонеовско финале каде ќе биде исполнет основниот услов за “националното помирување“ односно амнестија – промена на името.
Убеден сум дека “национално помирување“ всушност значи промена на името.
Ние сите како богољубиви православни христијании, кротки луѓе и народ со чувства ќе бидеме ставени пред непринципиелната понуда да има слобода за Игор Дурловски, ама со услов промена на името. И сите ние, вклучително и јас, ќе сме во ситуација да работат нашите емоции гледајки ја хармонијата на фамилијата на Игор, ненасилноста на Владо, наивноста на Борис, македонштината на Горан Ангелов. Ете, тоа не чека. Змија или магаре.
Верувам дека на сите во Шутка им е јасно дека се внатре како стока за пазарл‘к, ставена таму од Џес Бејли. Бејли кој сега нивната слобода ни ја нуди на нас народот како монета за поткусуривање.
ХРИСТИЈАН
Значи новиот лидер на опозицијата е Мицковски.
Во каква кондиција ја презема партијата? Во очајна. Во каква монолитност ја презема? Лоша.
Стартно имам две забелешки за него и една претпоставка. Ниту една не е позитивна. За фалби и куражење си има купишта кои чекаат на ред да го поздрават, “потапшаат“ по рамо, да му изразат лојалност. Јас, како и на неговиот предходник, му донесувам критики. Искрен човек и пријател е тој што искрено ќе ти каже што е и што мисли. Неискрен е и не е пријател оној што те лаже како е и што е.
Ова моменти за залажување не се.
Значи, забелешките:
- Од многу најавуваната, пред се од него самиот и од Никола Груевски, длабинска анализа на изборниот пораз на локални, очигледно нема ншто. Беше презентира пред ИК како “куса, сублимирана верзија за причините за изборните резултати“ на два дена пред веќе закажаниот конгрес. А, анализата беше представена и пред ЦК на денот на почетокот на Валандовскиот конгрес, кога веќе се знаеше кој заминува а кој доаѓа на челната позиција на партијата. Сеиризона анализа, која се очекуваше, требаше да биде предствана пред членството десетици денови пред почетокот на конгресот, за да може базата и членството, па и заинтересираната јавност, да види што е заклучокот. Инаку, само “детална обработка на информациите“ е сувопарно прегледувања на бројки што можат да се видат и на страницата на ДИК. Оваа “длабинска анализа“ ги има сите атрибути на наоѓање начин како два месеци да се избегнуваат непријатни прашања.
- Членството (не ИК и ЦК), гласачите и поддржувачите на ВМРО ДПМНЕ и пред и по изборот на Мицковски не знаат апсолутно ништо за неговата програма, план, цели, ставови. Повеќемината негови поддржувачи му го цитираат ставот каде вели: “Јас лично како Христија Мицковски апсолутно не сум за промена на уставното име на Република Македонија“. Тоа, демек, лично. Е тогаш што станува тој како Христија Мицковски лидер на ВМРО ДПМНЕ? Тоа е лично или не?! Или тој како дел од преговарачкиот тим во куќата на Жан Моне? Или тој како лидер на партијата во контакт со странците?! Поприлично магливо, баш како и длабинската анализа. Не е доборо за старт.
И претопставката:
- Природно е секоја опозиција во секој момент да бара предвремени парламентарни избори, како би се дошло на чело на државата. Епски останаа зафрканциите кон тогашната опозициона СДСМ која бегаше од предвремени парламентарни. Сега што ќе биде со ВМРО ДПМНЕ? Предвремени Зоран Заев си планира за најдоцна во септември. Со сегашната меѓународна “помош“, односно премолчување на сите насилија, полнења кутии, полициски интервенции и кражби, но и со сегашното мотивационо ниво на вмровското гласачко тело кое е на најниско можно ниво, следни избор би биле “кланица“ (израз на Б. Героски кога советуваше одлагање на избори каде би губел Заев). Такви следни избори, од кои Христијан Мицковски и ВМРО ДПМНЕ нема да можат да избегаат, ќе претставуваат пораз пар екселанс, каде пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ ќе се шринкува до ниво од 30 пратеници. Со 90 пратеници освоени од СДСМ и албанците, двотретинското мнозинство за распарчување на Македонија ќе биде монолитно и неприкосновено. Таков пораз, ќе значи крај на кратката кариера на Христијан Мицковски кој во период помал од 1 година би имал страотен пораз на локални како прв оперативец на партијата и страотен (претпоставен) пораз на вонредни парламентарни како лидер на истата партија. Потоа, само ќе ја дочекаме 2019-та кога Али Ахмети, според веќе направениот договор, ќе дојде на местото и во кабинетот што сега го држи Ѓорѓе Иванов.
Знам дека делува подоста трауматично ова промена на име, Ахмети претседател, ВМРО ДПМНЕ парламентарна маргина – но тоа е реален преглед на околностите во кои се наоѓаме.
ЗАКЛУЧОК
Од “да шефе“ и “најбољи си шефе“ ВМРО ДПМНЕ дојде во оваа ситуација во која е сега. Од тоа дали “технократот“, со какво што звање го претставија про-вмровските гласила, ќе успее да се отргне од таа прегратка на внатрепартискиот октопод, ќе зависи рехабилитацијата на нокаутираниот ВМРО ДПМНЕ. Баш ме интерсира кој спорт го преферира Мицковски за да знам со какви спортски компарации да му ги опишувам сликовито работите. Со боксот, нели, завршивме.
ВМРО ДПМНЕ ја памети и ја надмина голготата кога под водство на Никола Груевски и настаните во “Панорама“, остана во парламентот со само 6 пратеника.
ВМРО ДПМНЕ е премногу силна и со премногу енергија за да може да биде потопена.
Прашањето е дали Мицковски ќе знае да ја пронајде таа енергија или ќе остане кабинетски претседател?
Дали ќе биде најнеуспешниот и со најкраток мандат претседател на таа партија, или пак ќе најде начин, поинаков од оној на Груевски, како да направи брзо враќање во живот?
Миленко Неделковски
22.12.2017
Скопје
Програма
Избори пораз кратко траење христијан