Лавот во шумата основал фирма и ги запослил Магарињата да му работат.
Во прво време се му одело од рака, Лавот раководел со фирмата, Магарињата работеле а фирмата се развивала одлично.
После некое време Лавот увидел дека има многу пари ама нема слободно време да ужива во нив, па одличил да вработи менаџер.
Ја запослил Мечката како менаџер за да раководи со фирмата. Како професионален менаџер Мечката барала од Магарињата разни извештаи за да може што подобро да раководи со фирмата но и да го известува Лавот.
И така Лавот почнал да си ужива, Мечката да раководи а Магарињата работеле и згора на тоа пишувале извештаи за Мечката.
После извесно време и Мечката заклучила дека премногу време троши анализирајќи ги извештаите па одлучила да вработи три Волци како раководители на вработените чија должност ќе биде да од сите тие извештаи направат еден содржаен и и го достават.
Но, да покажат волците колку се тие стручни и вредни им воведуваат на Магарињата уште дузина нови извештаи за поднесување.
Сега Магарињата покрај стандарната работа и старите извештаи, ќе треба да прават уште бројни нови извештаи…
Тоа нормално не ги правело среќни бидејќи морале да остануваат се подолго на работа за да ги завршат сите тие извештаи што ги поднесуваат кај Волците.
Поминало време и Мечката воочила дека моралот во компанијата е паднат на многу ниско ниво па ја вработила Лисицата за да им помогне.
Лисицата правела анкети, организирала разни куресви и Тим-билдинзи со цел за да го подигне моралот кај вработените, но сето тоа се случувано после работното време и за викендите.
Баш од овој момент како “тригер” Магарињата почнале отворено да покажуваат незадоволство бидејќи имале се повеќе и повеќе работа а се помалку и помалку слободно време да си го поминат со семејството.
Во исто време Лавот приметува дека профитот на компанијата драстично е намален и ги повикал Мечката, Волците и Лисицата на состанок за да одлучат што и како ќе прават понатаму.
На состанокот е одлучено:
– Да се отпуштат 50% од Магарињата за да се намалат давачките за и околу платите.
– Да им се намали платата за 20% на остатокот од Магарињата
Наравоучение: без магариња нема профит.
Поука од објавувачот: Басната е преземена од профилот на Горан Ангелов од Велес.